Version 6 (modified by 6 years ago) ( diff ) | ,
---|
Vision
1.Introduction
Овој информациски систем ќе ја обработува областа на фотографијата, нудењето на фотографските услуги како и следењето на процесот на креирање на краен резултат од страна на клиентот.
Бидејќи фотографијата како област и како вештина е доста променлива и сензитивна во поглед на вреднување и формирање на исходот, се јавуваат неколку конкретни и чести проблеми кои треба да се адресираат.
Таргет група ќе претставуваат сите баратели на услуги, понатаму во системот - клиенти, кои имаат одредени барања поврзани со фотографија или видеографија.
Имено, во склоп на самиот систем, за поверодостојни и податоци кои се поблиски до реалниот свет, анкетирани се десетина стручни лица на кои им беше побарано да ги наведат најчестите (најкруцијалните) проблеми со кои се среќаваат при работа со клиенти, со цел да се конструира овој информациски систем.
1.1 Purpose
Целта во склоп на овој документ и при креирање на самиот информациски систем претставување адресирање на главниот или главните проблеми како лоша комуникација помеѓу нарачателот и давателот на услуги или пак брза испорака за ниска цена (несоодветна понуда која не ги задоволува двете страни).
1.2 Scope
Тука, опсегот на самиот проект подразбира подобрување и олеснување на комуникацијата и барање на начини за да се забрза цел процес, од самата идеја до реализацијата на финалниот продукт.
1.3 Definitions, Acronyms, and Abbreviations
Единствено во овој член, примарна скратена верзија на давателите на услуги кои ги извршувате зададените тасковите може понатаму во текстот да се нарекуваат како фотографи и покрај што извршуваат повеќе задачи. Дополнително се среќаваме со уште една скратена верзија каде што нарачатели на услуги ќе бидат познати само како клиенти кои подоцна ќе бидат категоризирани во повеќе групи соодветно.
1.4 References
Референците се единствено лични искуства и лица колеги кои се занимаваат со истата/сличната област и се среќаваат со истите/сличните проблеми. Не постои строги правила и строги референци за оваа тематика бидејќи дискусијата е разновидна и посензитивна.
1.5 Overview
Приказ на услугите во областа на фотографијата, креирање на проект и комуникација со клиенти.