wiki:aftermovie

Version 1 (modified by Filip Gjorgjioski, 5 years ago) ( diff )

--

ЗАКАЖУВАЊЕ НА ФОТОСЕСИЈА


НАРАТИВ: Клиентот се насочува и се регистрира на сајтот Creative Studio преку интернет пребарувач со цел да може да ги користи услугите и да си закаже снимање на видео. При тоа ги внесува своите кориснички барања и ја дознава цената на видеото, и достапноста на некој од видеографите.


АКТЕРИ:

  1. Клиент - лице кое претставува корисник на сајтот на кого му се потребни услугите
  2. Видеограф - лице кое ги нуди своите услуги на сајтот

ПРЕДУСЛОВИ:

  1. Клиентот поседува компјутер или мобилен телефон со интернет конекција.
  2. Клиентот има 16 или повеќе години.

СЦЕНАРИО:

  1. Клиентот го отвора сајтот Creative Studio преку интернет пребарувач
  2. Клиентот се најавува на сајтот
  3. Клиентот ја бира опцијата за закажување на видео
  4. Системот отвора друга страна каде што се внесуваат параметри
  5. Сиситемот прикажува форма со празни текстуални полиња за внесување на корисничките барања
  6. Клиентот најпрво одбира видео услуги (постои опција за фото или видео)
  7. Системот отвора дополнителни празни текстуални полиња поради бирање на видео услугите
  8. Клиентот внесува број на видеографи кои му се потребни
  9. Клиентот внесува времетраење на снимањето на видео
  10. Клиентот внесува локација на снимањето на видео (не е задолжително поле)
  11. Клиентот внесува тип на снимање (дали е конференција, приватно видео, свадба, журка, концерт, спот, aftermovie, highlights и слично)
  12. Клиентот внесува свој краен рок за испорака на видеото
  13. Клиентот одбира дали му е потребна монтажа на видеото (најчесто секогаш е ДА)
  14. Системот ги валидира внесените податоци и проверува дали некое од задолжителните полиња стои празно и непополнето
  15. Системот вади преглед на внесените податоци за да може клиентот да ги прегледа пред испраќање на барање за снимањето на видеото
  16. Клиентот се согласува со внесените податоци и клика за потврдување на барањето
  17. Системот прави груба проценка за цена на снимањето на видеото со листа на достапни видеографи и нивните тарифи
  18. Клиентот бира од листата на достапни видеографи во зависност од неговиот буџет
  19. Финално потврдување од страна на клиентот
  20. Системот испраќа мејл за потврда со наведените информации
  21. Клиентот добива мејл со направеното закажување
  22. Соодветниот видеограф избран според листата добива мејл и форма за потврда за ново закажување
  23. Снимањето на видео е закажано

АЛТЕРНАТИВНИ ТЕКОВИ:

13А. Системот ги валидира внесените податоци и го известува клиентот за нецелосна форма, невнесени задолжителни полиња и чека клиентот да ги внесе невнесените податоци или да ги поправи податоците со грешки. (враќа на чекор 6)


ПОСТ-УСЛОВИ:

  1. Клиентот има закажано снимање на видео
  2. Се додава уште еден запис во листата на видеа
  3. Видеографот има уште еден ден работа

Note: See TracWiki for help on using the wiki.