Version 2 (modified by 5 years ago) ( diff ) | ,
---|
ЗАКАЖУВАЊЕ НА СНИМАЊЕ ВИДЕО
НАРАТИВ: Клиентот се насочува и се регистрира на сајтот Creative Studio преку интернет пребарувач со цел да може да ги користи услугите и да си закаже снимање на видео. При тоа ги внесува своите кориснички барања и ја дознава цената на видеото, и достапноста на некој од видеографите.
АКТЕРИ:
- Клиент - лице кое претставува корисник на сајтот на кого му се потребни услугите
- Видеограф - лице кое ги нуди своите услуги на сајтот
ПРЕДУСЛОВИ:
- Клиентот поседува компјутер или мобилен телефон со интернет конекција.
- Клиентот има 16 или повеќе години.
СЦЕНАРИО:
- Клиентот го отвора сајтот Creative Studio преку интернет пребарувач
- Клиентот се најавува на сајтот
- Клиентот ја бира опцијата за закажување на видео
- Системот отвора друга страна каде што се внесуваат параметри
- Сиситемот прикажува форма со празни текстуални полиња за внесување на корисничките барања
- Клиентот најпрво одбира видео услуги (постои опција за фото или видео)
- Системот отвора дополнителни празни текстуални полиња поради бирање на видео услугите
- Клиентот внесува број на видеографи кои му се потребни
- Клиентот внесува времетраење на снимањето на видео
- Клиентот внесува локација на снимањето на видео (не е задолжително поле)
- Клиентот внесува тип на снимање (дали е конференција, приватно видео, свадба, журка, концерт, спот, aftermovie, highlights и слично)
- Клиентот внесува свој краен рок за испорака на видеото
- Клиентот одбира дали му е потребна монтажа на видеото (најчесто секогаш е ДА)
- Системот ги валидира внесените податоци и проверува дали некое од задолжителните полиња стои празно и непополнето
- Системот вади преглед на внесените податоци за да може клиентот да ги прегледа пред испраќање на барање за снимањето на видеото
- Клиентот се согласува со внесените податоци и клика за потврдување на барањето
- Системот прави груба проценка за цена на снимањето на видеото со листа на достапни видеографи и нивните тарифи
- Клиентот бира од листата на достапни видеографи во зависност од неговиот буџет
- Финално потврдување од страна на клиентот
- Системот испраќа мејл за потврда со наведените информации
- Клиентот добива мејл со направеното закажување
- Соодветниот видеограф избран според листата добива мејл и форма за потврда за ново закажување
- Снимањето на видео е закажано
АЛТЕРНАТИВНИ ТЕКОВИ:
13А. Системот ги валидира внесените податоци и го известува клиентот за нецелосна форма, невнесени задолжителни полиња и чека клиентот да ги внесе невнесените податоци или да ги поправи податоците со грешки. (враќа на чекор 6)
ПОСТ-УСЛОВИ:
- Клиентот има закажано снимање на видео
- Се додава уште еден запис во листата на видеа
- Видеографот има уште еден ден работа
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.