wiki:filipz2

Индивидуална задача 2 - Методологија на развој

CRM (Customer Relationship Management) е управување на систем каде што пристапот го има две страни (сервисерите и фотографите) кои се во постојана интеракција помеѓу себе. Во секој случај, независно од CRM или некој поинаков начин, па макар и најстандардна телефонска комуникација, двете страни ќе комуницираат меѓу себе. Што се однесува до самата опрема и самите фото компоненти тие отприлика ги делат истите знаења, кога станува збор за основно функционирање на опремата.

Затоа, овој подсистем ќе се развива со технологијата позната како Extreme Programming или скратено XP, која е широко распространета агилна методологија за управување со проекти. Во исто време, таа методологија, заедно со RAD методологијата се нареден и подобрен чекор од оние методологии во софтверското инженерство уште од 70-тите и 80-тите како моделот на водопад

Имено, XP работи на некои основни принципи кои сосема одговараат за овој подсистем, бидејќи вклучува физички и блиска интеракција на мали тимови на програмери, дизајнери, менаџери и самите клиенти кои кај мене се сервисерите и фотографите.

Поконкретно, оваа метологија се базира на 5 (пет) вредности и тоа:

  • едноставност (simplicity)
  • комуникација (communication)
  • повратен одговор (feedback)
  • почит (respect)
  • храброст (courage)

Подсистемот ќе се креира во повеќе итерации кои траат од 1 - 2 недели зависи од обемноста на истите. При тие итерации се доставуваат едноставни дизајни кои чекаат да бидат корегирани од страна на клиентот, а во случајот тоа се двете засегнати страни на новиот CRM систем. Додека се одвиваат сите овие итерации, се запазуваат вредностите, со тоа што се доставуваат едноставни дизајни. Исто така, се случува постојана комуникација со клиентот каде што се случуваат тие тестови на прифаќање на моменталниот прототипи или дизајни (види слика доле)

Како клиенти, верувам дека ќе имаат доста корекции и доста барања од нивна страна врз самите програмери кои ќе го развиваат овој CRM менаџмент, бидејќи досега немало информациски систем (или подсистем) како што е овој, за да можат да се пријават дефекти врз самата фотографска опрема.

Дополнително, самите фотографи се постојано во движење, па ќе побараат развивање на мобилна и пристапна апликација, која е вклучена во Индивидуална задача 3 како расход при развивање на целиот подсистем. Апликацијата, не само што ќе служи како начин за комуникација и пријавување на дефекти, туку и ќе известува каде се наоѓа делот кој е на сервис, неговиот статус и известување кога ќе биде готов, за да може да го подигне. Според тоа, целиот процес е некако полуавтоматизиран, со тоа што единствената мануелна работа е самото физичко поправање или одржување на фотографските делови.

Според животниот циклус на ХР, постојано неколку фази кои треба да се запазат при креирање на овој подсистем, и тоа:

  • Фаза 1 - фаза на истражување - тука ќе има постојани разговори со клиентите, т.е. со фотографите и сервисерите, како би сакале да изгледа нивниот систем, кои карактеристики да ги содржи, какви можности да нуди што им фали при моменталниот начин на договарање и решавање на дефектите на опремата.
  • Фаза 2 - фаза на планирање - проценка на трудот кој треба да се вложи, колкава работна сила, колкав тим на програмери и дизајнери и одговорни кои би го одржувале сајтот
  • Фаза 3 - фаза на итерации - во оваа фаза ќе се извршува еден циклус на подактивности, потребни за градење на што поконцизна и поблиска апликација до корисничките барања. Тука е вклучена анализата - колку сервисери има, колку фотографи има, колку опрема се носи во сервисот, колкава бази на податоци треба да се изгради, какви се релациите помеѓу сервисерите и опремата, кој е одговорен за сервисирање на еден специфичен дел и сите слични податоци.
  • Фаза 4 - продукциска фаза - по тестирањето и неколкуте итерации во претходната фаза, се преминува во продукциска фаза каде што се пушта апликацијата во употреба за да можат сервисерите и фотографите да ја користат. До овој момент, поради блиската соработка, клиентите веќе се запознаени со апликацијата, па нема потреба од некое посебно обучување.
  • Фаза 5 - крајна фаза - тука е финалниот прототип на апликацијата кој може да биде користен за реални ситуации, за вистински дефекти кои фотографите ќе ги имаат на нивните делови
  • Фаза 6 - фаза на одржување
Last modified 5 years ago Last modified on 02/19/20 00:46:40

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.