Version 9 (modified by 5 years ago) ( diff ) | ,
---|
Индивидуална задача 2 - Методологија на развој
CRM (Customer Relationship Management) е управување на систем каде што пристапот го има две страни (сервисерите и фотографите) кои се во постојана интеракција помеѓу себе. Во секој случај, независно од CRM или некој поинаков начин, па макар и најстандардна телефонска комуникација, двете страни ќе комуницираат меѓу себе. Што се однесува до самата опрема и самите фото компоненти тие отприлика ги делат истите знаења, кога станува збор за основно функционирање на опремата.
Затоа, овој подсистем ќе се развива со технологијата позната како Extreme Programming или скратено XP, која е широко распространета агилна методологија за управување со проекти. Во исто време, таа методологија, заедно со RAD методологијата се нареден и подобрен чекор од оние методологии во софтверското инженерство уште од 70-тите и 80-тите како моделот на водопад
Имено, XP работи на некои основни принципи кои сосема одговараат за овој подсистем, бидејќи вклучува физички и блиска интеракција на мали тимови на програмери, дизајнери, менаџери и самите клиенти кои кај мене се сервисерите и фотографите.
Поконкретно, оваа метологија се базира на 5 (пет) вредности и тоа:
- едноставност (simplicity)
- комуникација (communication)
- повратен одговор (feedback)
- почит (respect)
- храброст (courage)
Подсистемот ќе се креира во повеќе итерации кои траат од 1 - 2 недели зависи од обемноста на истите. При тие итерации се доставуваат едноставни дизајни кои чекаат да бидат корегирани од страна на клиентот, а во случајот тоа се двете засегнати страни на новиот CRM систем. Додека се одвиваат сите овие итерации, се запазуваат вредностите, со тоа што се доставуваат едноставни дизајни. Исто така, се случува постојана комуникација со клиентот каде што се случуваат тие тестови на прифаќање на моменталниот прототипи или дизајни (види слика доле)
Како клиенти, верувам дека ќе имаат доста корекции и доста барања од нивна страна врз самите програмери кои ќе го развиваат овој CRM менаџмент, бидејќи досега немало информациски систем (или подсистем) како што е овој, за да можат да се пријават дефекти врз самата фотографска опрема.
Дополнително, самите фотографи се постојано во движење, па ќе побараат развивање на мобилна и пристапна апликација, која е вклучена во Индивидуална задача 3 како расход при развивање на целиот подсистем. Апликацијата, не само што ќе служи како начин за комуникација и пријавување на дефекти, туку и ќе известува каде се наоѓа делот кој е на сервис, неговиот статус и известување кога ќе биде готов, за да може да го подигне. Според тоа, целиот процес е некако полуавтоматизиран, со тоа што единствената мануелна работа е самото физичко поправање или одржување на фотографските делови.
Attachments (1)
- extreme_programming_loops.jpg (45.3 KB ) - added by 5 years ago.
Download all attachments as: .zip