20 | 20 | Додека пак, од друга страна, примарните можности и елементи ќе бидат високо функционални, но лесни за користење, форми за закажување на фотосесија или пак на снимање на видео (или во некои случеви на двете услуги). Клиентот ќе може да ги пополни сите детали според неговите кориснички барања за да се обезбеди побрзо и пофлуидно закажување и бирање на соодветниот кадар во зависност од барањата, а се разбира во зависност и од достапноста на вработените под Creative Studio. Под тие детали се подразбира внесување на времетраење, внесување на локација, број на фотографи/видеографи кои му се потребни за настанот, краен рок за испорака на фотографиите/видеата, обемот на работа, дополнителни услуги и дополнителни барања кои ќе можат да се додаваат во празни текстуални полиња. |