ДОДАВАЊЕ НА НОВИ МАТЕРИЈАЛИ
НАРАТИВ: Сајтот динамички се ажурира со нови материјали на одреден период и тука можат да се видат секакви фотографии и видеа. Задолжен за одржување на сајтот и додавање на нови материјали претставува администраторот кој има пристап до позадинските функции на сајтот и може да додава/одзема секаква материјали или членови на целокупното студио (фотографи/видеографи/сервисери и слично)
АКТЕРИ:
- Администратор - лице кое работи на позадинските функциналности на сајтот и е задолжено за одржување на истиот
ПРЕДУСЛОВИ:
- Админот поседува компјутер со интернет конекција.
СЦЕНАРИО:
- Админот се насочува кон неговиот админ панел
- Админот ги прима новите материјали пратени претходно од фотографите или видеографите
- Админот се насочува на подстрана ГАЛЕРИЈА која е во склоп на сајтот
- Системот го носи админот на страната ГАЛЕРИЈА
- Админот клика на копчето ДОДАДИ за да може да почне со додавање на нови материјали
- Системот отвора нова форма која само админот да ја гледа и да ракува со истата
- Админот ги проверува димензиите и големините на веќе пратените материјалите
- По потврда од админот, започнува да ги прикачува истите во соодветните типови на фотосесии или видеа
- Системот му дава дијалог прозорец на админот дека прикачувањето е завршено
- Системот му дава преглед на подстраната ГАЛЕРИЈА на админот со новите додадени материјали
- Админот ја зачувува новата состојба на подстраната ГАЛЕРИЈА
- Админот го исклучува сајтот или продолжува со работа на друга ПОДСТРАНА (означува крај на процес)
ПОСТ-УСЛОВИ:
- Страната добива нови материјали за да можат клиентите успешно и флуидно да ги разгледуваат за некои наредни фотосесии
Last modified
5 years ago
Last modified on 02/19/20 11:07:30
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.