| 1 | '''ИЗБОР НА СОФТВЕРСКО РЕШЕНИЕ''' |
| 2 | |
| 3 | ''Потребно е да најдете, анализирате и тестирате неколку различни софтверски решенија и од нив да изберете едно софтверско решение кое најдобро од сите ги задоволува побарувањата кои ги дефиниравте во текот на претходните задачи. |
| 4 | |
| 5 | Кога ќе кажеме софтверско решение, не се мисли на тоа некој друг да си поседува некаков софтвер и вие да го презентирате неговиот софтвер што тој си го користи, ниту софтвер кој некој друг ви го хостира некаде, а вие не можете да го хостирате самите. Мора да биде софтвер кој може да се купи/преземе/постави/инсталира/хостира кај вас и да стане ваша сопственост по поставувањето и да може да го користите кога сакате и колку сакате без друг да ве ограничува. |
| 6 | |
| 7 | Информациски систем на едно претпријатие/институција може да живее и 30 години, не би сакале 30 години да бидете зависни од волјата на една хостинг компанија. Значи "cloud" решенија не доаѓаат предвид, освен ако решението не е такво да можете да си го инсталирате на друг (ваш сопствен) облак. |
| 8 | |
| 9 | Откако ќе го најдете и разгледате, потребно е да направите тест инсталација во која ќе внесете демо податоци како за вашиот проект - измислени реални примери од евентуалното идно секојдневно користење за потребите за вашиот проект. |
| 10 | |
| 11 | Треба да подготвите презентација (слајдови/видео) кои го демонстрираат користењето на тој софтвер и внесените примери. Треба да имате и спремно и демо околина да покажете во живо како функционира. |
| 12 | |
| 13 | Документацијата се испраќа во рамките на оваа задача како стандарден документ, од само еден од членовите на тимот, треба да ги содржи следните делови/дискусии: |
| 14 | |
| 15 | Членови на тимот со сите генералии |
| 16 | Разгледувани решенија (краток опис на сите разгледани решенија, споредба и резиме кој е најсоодветен избор) |
| 17 | Опис на избрано решение (главни функционалности, архитектура, системски побарувања, лиценца, рамковна цена) |
| 18 | Мини упатство за инсталација или пристап до демо (лог на направени чекори за истото) |
| 19 | Адреса на која е поставена презентацијата |
| 20 | Исполнетост на побарувањата (проценка колкав дел од побарувањата use-case по use-case ќе биде исполнет, кои се најважните побарувања кои ова решение не ги исполнува и треба да се развијат делумно или во целост) |
| 21 | Какви можности има за прилагодување на решението |
| 22 | Повеќејазичност (особено македонски и албански) |
| 23 | Поврзување со други системи за пренос на податоци |
| 24 | Поврзување со други системи за автентикација |
| 25 | Опционални модули за дополнителни функционалности (каква технологија се користи за развој на истите со цел исполнување на сите побарувања) |
| 26 | Демо презентација во вид на слајдови или screencast |
| 27 | |
| 28 | Потребно е да се прикажат најважните делови од софтверот кои ги овозможуваат основните побарани функционалности |
| 29 | Внимавајте на големините на датотеките (препорачливо е да е само една датотека) |
| 30 | Ваквите документи во блиска иднина ќе бидат објавени за употреба од идни студенти и заинтересирани за вакви решенија во рамките на страниците на предметот.'' |