wiki:software

Version 7 (modified by Filip Gjorgjioski, 4 years ago) ( diff )

--

ИЗБОР НА СОФТВЕРСКО РЕШЕНИЕ

Потребно е да најдете, анализирате и тестирате неколку различни софтверски решенија и од нив да изберете едно софтверско решение кое најдобро од сите ги задоволува побарувањата кои ги дефиниравте во текот на претходните задачи.

Кога ќе кажеме софтверско решение, не се мисли на тоа некој друг да си поседува некаков софтвер и вие да го презентирате неговиот софтвер што тој си го користи, ниту софтвер кој некој друг ви го хостира некаде, а вие не можете да го хостирате самите. Мора да биде софтвер кој може да се купи/преземе/постави/инсталира/хостира кај вас и да стане ваша сопственост по поставувањето и да може да го користите кога сакате и колку сакате без друг да ве ограничува.

Информациски систем на едно претпријатие/институција може да живее и 30 години, не би сакале 30 години да бидете зависни од волјата на една хостинг компанија. Значи "cloud" решенија не доаѓаат предвид, освен ако решението не е такво да можете да си го инсталирате на друг (ваш сопствен) облак.

Откако ќе го најдете и разгледате, потребно е да направите тест инсталација во која ќе внесете демо податоци како за вашиот проект - измислени реални примери од евентуалното идно секојдневно користење за потребите за вашиот проект.

Треба да подготвите презентација (слајдови/видео) кои го демонстрираат користењето на тој софтвер и внесените примери. Треба да имате и спремно и демо околина да покажете во живо како функционира.

Документацијата се испраќа во рамките на оваа задача како стандарден документ, од само еден од членовите на тимот, треба да ги содржи следните делови/дискусии:

Членови на тимот со сите генералии Разгледувани решенија (краток опис на сите разгледани решенија, споредба и резиме кој е најсоодветен избор) Опис на избрано решение (главни функционалности, архитектура, системски побарувања, лиценца, рамковна цена) Мини упатство за инсталација или пристап до демо (лог на направени чекори за истото) Адреса на која е поставена презентацијата Исполнетост на побарувањата (проценка колкав дел од побарувањата use-case по use-case ќе биде исполнет, кои се најважните побарувања кои ова решение не ги исполнува и треба да се развијат делумно или во целост) Какви можности има за прилагодување на решението Повеќејазичност (особено македонски и албански) Поврзување со други системи за пренос на податоци Поврзување со други системи за автентикација Опционални модули за дополнителни функционалности (каква технологија се користи за развој на истите со цел исполнување на сите побарувања) Демо презентација во вид на слајдови или screencast

Потребно е да се прикажат најважните делови од софтверот кои ги овозможуваат основните побарани функционалности Внимавајте на големините на датотеките (препорачливо е да е само една датотека) Ваквите документи во блиска иднина ќе бидат објавени за употреба од идни студенти и заинтересирани за вакви решенија во рамките на страниците на предметот.


При разгледување и истражување на различни софтверски решенија, забележено е дека нема нешто конкретно за закажување на фотографски настани (поточно фотосесии и снимање на видеа). Но, според потребите на информацискиот систем, можат да се направат мали модификации и промени на веќе постоечки искреирани решенија.

Фактор 1: За софтверското решение да биде поефективно и поуспешно при имплементација, примарниот фактор беше цената, или поточно недостатокот на цената. Доколку се најдеше некое бесплатно софтверско решение, чии што услуги можат да се користат, тогаш тоа дефинитивно влегува во изборот на решение.

Фактор 2: Наредниот критериум беше да можат да го користат и повеќе вработени и повеќе корисници истовремено. Со тоа, ќе може да се поставуваат различни таскови за различни вработени во склопот на една фирма, која за информацискиот систем се подразбира дека ќе има повеќе од еден вработен.

Фактор 3: Како важен фактор треба да се земе самата комуникација со клиентите. Односно, по закажувањето да постои некој Customer Relationship Management систем, кој ќе ги потсетува клиентите дека направиле закажување на фотосесија или видео. Исто така, тука може да биде вклучен и потсетник и на самите вработени за фотосесии кои им претстојат во наредниот период.

Фактор 4: Бидејќи клиентите нема секој пат да бидат пред својот компјутер или лаптоп за да го закажат својот настан, потребно е да има овозможено опција за закажување и преку телефон. Оптимизиран responsive web design на самиот систем, пренесен на паметен телефон, со внесување на истите параметри, исто како десктоп верзијата.

Опционален фактор: Доколку е возможно, софтверското решение да може да се симне и да се инсталира на локална машина за да може да се користи и да биде независно од самиот вендор кој го нуди тоа решение


1. Pick Time https://www.picktime.com/

PickTime претставува едно разгледувано софтверско решение за овој информациски систем. Претставува целосно бесплатно решение кој е cloud-базирано.

Кои барања ги исполнува софтверското решение за овој систем:

  • Целосно е бесплатно и основна или напредни верзии на софтверот или пак некои додатоци
  • Можат да го користат повеќе фотографи, видеографи, сервисери и слично во исто време без никаква доплаќања кон вендорот
  • Овозможува комуникација по мејл со клиентите по самото закажување на фотосесијата
  • Постои опција за поврзување на друг систем за пренос податоци, односно да се синхронизира со личните календари на фотографите и клиентите, како што се Google Calendar, iCalendar, Outlook calendar или пак некои останати third-party кориснички апликации
  • За клиентите се води целосна историја за нивното букирање т.е. закажување на настаните
  • Клиентите можат да си креираат свој профил за да ги формираат и прават букирањата на фотосесиите (се исполнува случајот на употреба за регистрација на корисник)
  • Постои опција за поврзување со Facebook, WordPress и слични социјални мрежи, за привлекување на уште клиенти (се исполнува случајот на употреба за дигитален маркетинг)
  • Ќе можат да се прават закажување на фотографирање или снимање на видео преку лаптоп, таблет и телефон

Кои барања НЕ ги исполнува софтверското решение за овој систем:

  • Софтверот нема интегрирано комуникација со клиентите како некој chat систем, доколку е потребна помош
  • Софтверот нема вклучено мобилна поддршка. Тоа значи дека клиентите би биле единствено известувани по мејл или сличен медиум, но не по SMS порака.
  • Софтверот не генерира фактури и конечни извештаи за самото закажување на фотосесија, што би претставувало проблем. Со внесените лични податоци и барањата на клиентот, потребно е се креира фактура за да може да се направи исплата на фотографот.

Attachments (2)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.