Eaty's
Членови на тимот
Име и презиме | Индекс |
---|---|
Стефан Тодоровски - координатор | 191041 |
Александар Сиљаноски | 181213 |
Краток опис на проектот
Eaty’s е систем на кој се поврзани сите ресторани во одреден регион. На системот се прикажува локацијата на рестораните заедно со менито, рејтингот, телефонскиот број и e-mail. Профил може да се креира за купувач, менаџер на ресторан, доставувач, менаџер на платформа за достава и системски администратор.
Нарачка може да изврши секој купувач. Нарачката се состои од следниве атрибути: ID на нарачката, време на нарачка, статус и цена.
- За секој корисник се чува корисничко име, лозинка, име, презиме и телефонски број.
- За секој доставувач се чува дополнително листа на нарачки кои треба да се извршат и состојбата за нив.
- За секој менаџер на платформа се чува и состојбата на нарачките.
Системскиот администаратор ќе има целосни привилегии на системот и ќе биде одговорен за базата на податоци. Доколку корисниците сакаат да посетат некоја од понудените локации може да го извршат истото преку креирање на резервација во посакуваната локација. За секоја резервација се чува терминот и бројот на луѓе кои ќе присуствуваат. За секој ресторан може да се погледне менито што го нудат. На секое мени стои името на храната, заедно со цената (која може да биде со или без акции) и типот на истата.
Детален опис на проектот
1) За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
Одговорен за базата на податоци ќе биде системскиот администратор. Администраторот ќе има специјални привилегии на системот и ќе биде единствениот корисник кој ќе може да додава, ажурира и брише менаџери. Освен ова, администраторот ќе може да ги уредува податоците на доставувачите, како и да врши валидација на статусот на истите.
2) Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Со креирање на профил на нашиот систем корисникот ќе може на брз и едноставен начин да нарача храна до својот дом или пак да направи резервација за некој од понудените ресторани на нашиот систем. Доколку корисникот се одлучи да нарача храна ќе му биде овозможена дополнителна опција да одбере со која платформа за достава на храна ќе му биде доставена нарачката. Дополнителна придобивка од користење на нашата апликација е тоа што корисниците ќе може да ги следат акциите и промоциите на рестораните.
3) Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
На системот може да се регистрираат четири вида на корисници: купувачи, доставувачи, менаџери на ресторани и системски администратор. При регистрација на корисник, системскиот администратор ги проверува и верифицира креденцијалите на доставувачите и менаџерите на рестораните, со цел да може да потврди дека станува збор за легитимен бизнис. Секој менаџер на ресторан ќе може да го поставува и ажурира менито што го нудат, заедно со сите промоции кои ги нудат во моментот. Доставувачите пак ќе имаат преглед на сите нарачки за кои тие се одговорни да ги достават како и можност да го променат статусот на нарачката. Купувачите се најбројниот и најстандардниот вид на корисници на нашиот систем и тие ќе можат да нарачаат храна до својот дом или пак да направат резервација за некој од рестораните.
4) Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект
Постојат голем број на вакви апликации низ целиот свет, каде што се врши нарачка на храна онлајн. Во последно време, дури и во нашата држава доаѓа до појава на вакви слични апликации, но сè уште се во почетна фаза на раст. Нашата апликација се разликува од другите во тоа што кај нас може да се изврши резервација во ресторан на физичката локација, освен што може и онлајн.
5) Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Станува збор за веб-апликација.