wiki:WikiStart

Version 9 (modified by 191041, 19 months ago) ( diff )

--

Eaty's

Систем за правење онлајн нарачки и резервации на храна

Започнат: ноември 2022

Предмет: Бази на податоци 2022/2023/Зимски

Под менторство на: вонр. проф. д-р Вангел Ајановски и демонстратор Ана Младеновска

Краток опис на проектот

Eaty's е систем на кој се поврзани сите ресторани во одреден регион. На системот се прикажува локацијата на рестораните заедно со менито, рејтингот, телефонскиот број и e-mail. Профил може да се креира за купувач, менаџер на ресторан, доставувач, менаџер на платформа за достава и системски администратор.

Нарачка може да изврши секој купувач. Нарачката се состои од следниве атрибути: ID на нарачката, време на нарачка, статус и цена.

  • За секој корисник се чува корисничко име, лозинка, име, презиме и телефонски број.
  • За секој доставувач се чува дополнително листа на нарачки кои треба да се извршат и состојбата за нив.
  • За секој менаџер на платформа се чува и состојбата на нарачките.

Системскиот администаратор ќе има целосни привилегии на системот и ќе биде одговорен за базата на податоци. Доколку корисниците сакаат да посетат некоја од понудените локации може да го извршат истото преку креирање на резервација во посакуваната локација. За секоја резервација се чува терминот и бројот на луѓе кои ќе присуствуваат. За секој ресторан може да се погледне менито што го нудат. На секое мени стои името на храната, заедно со цената (која може да биде со или без акции) и типот на истата.

Членови на тимот

Име и презимеИндекс
Стефан Тодоровски - координатор 191041
Александар Сиљаноски 181213

Фази и координација

ФазиИме на фазаСтатус
Ф0 Дефинирање на проектот Започнато
Ф1 Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања Започнато
Ф2 Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) Не е започнато
Ф3 Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи Не е започнато
Ф4 Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) Не е започнато
Ф5 Прототип апликација - Основни функционалности Не е започнато
Ф6 Нормализација и подобрувања на дизајнот Не е започнато
Ф7 Напреден апликативен развој Не е започнато

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.