Version 25 (modified by 3 years ago) ( diff ) | ,
---|
Educatum
Членови на тимот
- Марија Мицевска 193041
- Ана Младеновска 193140
Краток опис на проектот
Веб апликација која овозможува пребарување и пристап до наставници кои држат приватни часови и нивно поврзување со учениците. Целта е да им се помогне на учениците да ги совладаат посакуваните знаења со избор на наставник по желба, додека пак на наставниците им е овозможена полесна евиденција на нивните ученици и еден вид на маркетинг.
Доколку корисникот се регистрира како наставник, избира еден или повеќе предмети кои сака и е квалификуван да ги предава. По регистрацијата следува пристап до алатки кои му овозможуваат водење на евиденција (во која спаѓа и плаќањето) за секој негов ученик со ID, име, презиме, телефонски број, e-mail и слично. Секој наставник ќе може да гледа и распоред со термини.
Предметите се од различни области. Доколку предметот не постои во системот, истиот може да биде додаден. Дел од атрибутите на предметот се ID и име. Исто така предметот има опис за повеќе теми (доколку се работи за математика, теми би биле геометрија, тригонометрија итн.). Ученикот по регистрацијата бира предмет, по што следува листа од сите наставници на предметот, прикажани со детални информации и контакт.
Целата координација и менаџмент со системот ќе биде одговорност на администраторот.
Детален опис на проектот
Идејата за проектот е инспирирана од актуелната состојба со пандемијата, со оглед на тоа што најголемиот дел од наставата во формалното образование и надвор од него се одвива онлајн. Сметаме дека делумно така и ќе продолжи во иднина. Во секој момент најразлични луѓе од најразлични возрасти имаат потреба од приватни часови со цел да научат нешто повеќе од областа која им е од интерес.
- За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
Базата на податоци ќе ја поседува поединец (администраторот), кој што ќе ја има целата координација и менаџмент со системот, односно неговите привилегии ќе бидат: додавање/бришење/уредување на предмет, проверка на квалификациите на наставникот при регистрација и негово додавање во системот, додавање/бришење/уредување на листата со наставници и ученици и слично. Главен адут зошто би го направил следното е бидејќи сака да им помогне на луѓето да ги совладаат посакуваните знаења, но исто така подоцна може да се воведи функционалност за земање одреден процент на финансиски средства (на пример $10 месечно) од наставник, бидејќи на некој начин се овозможува маркетинг за наставниците.
- Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Со брз пристап, без залудно трошење на време, ученикот ќе може да стапи во контакт со одреден наставник. На тој начин се решава и проблемот за наставниците да имаат повеќе работа, а со тоа и повеќе заработувачка бидејќи голем број на ученици се заинтересирани за приватни часови. Нашата апликација е наменета за да го реши ваквиот проблем на тој начин што ќе го направи полесно и побрзо пребарувањето и пристапот до наставниците кои држат приватни часови по било кој предмет (свирење инструмент, програмирање, странски јазик, хемија, математика итн.).
- Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Апликацијата ќе ги има следните корисници: администратор, наставници и ученици.
Доколку корисникот се регистрира како наставник, избира еден или повеќе предмети кои сака и е квалификуван да ги предава. Тоа значи дека за да предава одреден предмет, мора да поседува соодветно знаење со доказ како диплома (универзитетска/од натпревар и слично), сертификат или друг признаен документ кој треба да се прикачи во соодветно поле. Проверката на квалификациите во кои ќе се чува документот, ќе ја врши администраторот и доколку тој одобри, наставникот ќе биде вметнат во листата на наставници по избраниот предмет. Исто така и избраниот предмет ќе биде вметнат во листата на предмети кои ги предава наставникот.
Предметите се од различни науки и гранки. Доколку некој предмет не постои во системот, истиот може да биде додаден од страна на администраторот. За секој предмет се чуваат ID, име и опис (во кој спаѓаат темите). Секој наставник ќе има пристап до алатки кои му овозможуваат полесно водење на евиденција за сите ученици на кои им предава и цената што одреден ученик треба да ја плати. На пример, ученикот Јован должи 300 денари. Кога ќе ги плати, без разлика на начинот на плаќање, наставникот внесува во системот дека е платено и сумата/плаќањето соодветно се ажурира.
Наставникот има пристап до распоред за кој се чуваат ID и почетен термин за часот. Овој распоред ќе служи како потсетник за наставниците и учениците. Наставникот сам ги внесува информациите за часовите (термини, теми итн.).
Од друга страна, доколку корисникот се регистрира како ученик, ќе може да избери предмет од листа на предмети при што за секој избран предмет се прикажуваат темите (кои стојат во описот на предметот). На пример, доколку се избери предметот математика, се прикажуваат темите геометрија, тригонометрија, калкулус и слично. По изборот на предмет, се прикажуваат наставниците со детални информации и контакт.
Учениците ќе може да водат евиденција за нивните домашни задачи и во секој момент да можат да запишат и да видат што имаат за домашно (еден вид на потсетник), односно кој наставник го дал домашното и за кој час/тема се однесува.
- Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект
Според нашето истражување, не сретнавме ист проект и со сигурност не постои ваков во нашата држава. Сретнавме сличен проект поврзан со едукација, на глобално ниво, кој се занимава само со готови снимени курсеви распределени по предмети и теми, кои може да се купат од страна на одреден корисник, но нашето решение е поразлично бидејќи за секој предмет има повеќе наставници кои водат евиденција и распоред, како и ученици кои можат лесно да најдат наставник и да имаат потсетник за нивните часови, домашни задачи и плаќања. Оваа апликација ќе се користи само во рамките на државата и ги опфаќа сите старосни групи.
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Се работи за веб апликација.