Version 9 (modified by 3 years ago) ( diff ) | ,
---|
Educatum
Членови на тимот
Марија Мицевска 193041
Ана Младеновска 193140
Краток опис на проектот
Веб апликација која овозможува пребарување и пристап до наставници кои држат приватни часови и нивно поврзување со учениците. Целта е да им се помогне на учениците да ги совладаат посакуваните знаења со избор на наставник по желба, додека пак на наставниците им е овозможена полесна евиденција на нивните ученици и еден вид на маркетинг. Доколку корисникот се регистрира како наставник, избира еден или повеќе предмети кои сака и е квалификуван да ги предава. По регистрацијата следува пристап до алатки кои му овозможуваат водење на евиденција (во која спаѓа и плаќањето) за секој негов ученик со ID, име, презиме, телефонски број, e-mail и слично. Секој наставник ќе може да гледа и распоред со термини. Предметите се од различни области. Доколку предметот не постои во системот, истиот може да биде додаден. Дел од атрибутите на предметот се ID и име. Исто така предметот има опис за повеќе теми (доколку се работи за математика, теми би биле геометрија, тригонометрија итн.). Ученикот по регистрацијата бира предмет, по што следува листа од сите наставници на предметот, прикажани со детални информации и контакт. Целата координација и менаџмент со системот ќе биде одговорност на администраторот.
Детален опис на проектот
Идејата за проектот е инспирирана од актуелната состојба со пандемијата, со оглед на тоа што најголемиот дел од наставата во формалното образование и надвор од него се одвива онлајн. Сметаме дека делумно така и ќе продолжи во иднина. Во секој момент најразлични луѓе од најразлични возрасти имаат потреба од приватни часови со цел да научат нешто повеќе од областа која им е од интерес. Нашата веб апликација е наменета за да го реши ваквиот проблем така што ќе го направи полесно и побрзо пребарувањето и пристапот до наставниците кои држат приватни часови по било кој предмет (свирење инструмент, програмирање, странски јазик, хемија, математика итн.). Во системот ќе постојат следните типови на корисници односно улоги: ученици, наставници и администратори. При регистрацијата се пополнува форма со информации од типот на: име, презиме, e-mail адреса, username, password, телефонски број. Секој корисник ќе може да се регистрира или како ученик или како наставник, соодветно според опцијата која ќе ја избере. Доколку се регистрира како наставник, избира еден или повеќе предмети кои сака и е квалификуван да ги предава. Тоа значи дека за да предава одреден предмет, мора да поседува соодветно знаење со доказ како диплома (универзитетска/од натпревар и слично), сертификат или друг признаен документ кој треба да се прикачи во соодветно поле. Проверката на квалификациите во кои ќе се чува документот, ќе ја врши администраторот и доколку тој одобри, наставникот ќе биде вметнат во листата на наставници по избраниот предмет. Исто така и избраниот предмет ќе биде вметнат во листата на предмети кои ги предава наставникот. Предметите се од различни науки и гранки, нема ограничување. Доколку некој предмет не постои во системот, истиот може да биде додаден од страна на администраторот. За секој предмет се чуваат ID, име и опис (во кој спаѓаат темите). Секој наставник ќе има пристап до алатки кои му овозможуваат полесно водење на евиденција за сите ученици на кои им предава и цената што одреден ученик треба да ја плати. На пример, ученикот Јован должи 300 денари. Кога ќе ги плати, без разлика на начинот на плаќање (за тоа не е засегната нашата апликација), наставникот внесува во системот дека е платено и сумата/плаќањето соодветно се ажурира. Наставникот има пристап до распоред за кој се чуваат ID и почетен термин за часот. Овој распоред ќе служи како потсетник за наставниците и учениците. Наставникот сам ги внесува информациите за часовите (термини, теми итн.). Од друга страна, доколку корисникот се регистрира како ученик, ќе може да избере предмет од листа на предмети при што за секој избран предмет се прикажуваат темите (кои стојат во описот на предметот). На пример, доколку се избери предметот математика, се прикажуваат темите геометрија, тригонометрија, калкулус и слично. По изборот на предмет, се прикажуваат наставниците со детални информации и контакт. Учениците ќе може да водат евиденција за нивните домашни задачи и во секој момент да можат да запишат и да видат што имаат за домашно (еден вид на потсетник), односно кој наставник го дал домашното и за кој час/тема се однесува. Целата координација и менаџмент со системот ќе биде одговорност на администраторот. Тој ќе ги има следните привилегии: додавање/бришење/уредување на предмет, проверка на квалификациите на наставникот при регистрација и негово додавање во системот, додавање/бришење/уредување на листата со наставници и ученици и слично.