wiki:ImportantUseCase1

Version 7 (modified by 193041, 3 years ago) ( diff )

--

Регистрација на ученик и преглед на информации за наставник

*сликите во наредните чекори не се конечен изглед на апликацијата, туку само цртежи/скици

Чекор 1

На корисникот му се прикажува почетната страна на веб-сајтот. Во зависност од опцијата (регистрација или најава) која ќе ја избере, корисникот соодветно се регистрира или се најавува.

Чекор 2

Нека корисникот во претходниот чекор избрал опција да се регистрира. Се прикажува форма за регистрација. Корисникот избира да се регистрира како „Ученик“ со селекција на соодветната radio-button опција.

insert into project.ucenici (opis,ime,prezime,email,"password",telefonski_broj)
values('Student na PMF','Ucenik1','Prezime1','ucenik123@gmail.com','password123','076123333');

*Поради приватност и безбедност, за лозинката ќе биде потребно да се врши енкрипција на серверска страна со некоја хеш функција (тоа ќе биде имплементирано подоцна). Statement-от погоре е само пример - податоците од формата ќе се земаат и ќе се внесуваат како атрибути за даден Ученик во базата.

Чекор 3

Следува приказ на листа од предмети и search поле за пребарување според име на предмет. Корисникот избира предмет за кој е заинтересиран (во случајот на сликата, го избира предметот „математика“ кој е со виолетова боја на hover). Линкот води до страна со приказ на наставниците по предметот.

-- приказ на сите предмети
select p.ime from project.predmeti as p;
-- приказ на предмети според search полето
select p.ime from project.predmeti as p
where p.ime like concat('%',:search,'%');

Чекор 4

За избраниот предмет се прикажува листа од наставници кои држат приватни часови по предметот. Корисникот кликнува на Наставник1.

select n.ime, n.prezime from project.predava_predmet as p
left join nastavnici n on n.id_nastavnik = p.id_nastavnik
left join predmeti pr on pr.id_predmet = p.id_predmet
where pr.id_predmet = 1; -- id 1 е само за пример, во реалноста ќе се зема id-то од селектираниот предмет од претходната страна (кое би се чувало во сесија)

Чекор 5

Се прикажуваат информации за контакт за избраниот наставник.

select n.ime, n.prezime, n.opis, n.email, n.telefonski_broj from nastavnici n;

Attachments (10)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.