| Version 4 (modified by , 13 days ago) ( diff ) |
|---|
About: Event_Tour
Team members:
Анастасија Николовска - 231507 - координатор
Туана Абуш - 231501
Теа Русевска - 231056
Short description:
Овој проект претставува систем за управување со настани кој има за цел да го поедностави и подобри начинот на организирање, следење и реализација на различни видови настани. Системот овозможува креирање и управување со настани, нивно поврзување со соодветни локации, како и дефинирање на капацитетот и распоредот на седишта. На овој начин се обезбедува појасна организација и поефикасно искористување на расположливите ресурси.
Во рамки на системот, корисниците имаат можност лесно да ги прегледуваат достапните настани, да изберат соодветни седишта и да извршат резервација или купување на билети. Дополнително, овозможено е оставање повратни информации и оценки, што придонесува за подобрување на квалитетот на настаните и целокупното корисничко искуство. Оваа интеракција создава динамична врска помеѓу системот и неговите корисници.
Системот исто така поддржува административни функционалности преку кои се овозможува контрола и управување со настаните, билетите и останатите поврзани активности.
Целта на проектот е да се изгради стабилен, јасен и флексибилен систем кој ќе обезбеди сигурно управување со податоците и ќе овозможи понатамошно проширување и надградба во согласност со потребите.
Detailed description of the project:
Проектот претставува глобална веб платформа за централизирано управување со јавни настани и продажба на билети. Системот ги обединува сите клучни процеси креирање и управување со настани, дефинирање и контрола на билети, евиденција на трансакции и анализа на резултати. Платформата е дизајнирана да поддржи голем број на корисници и настани паралелно, со фокус на ефикасност, прегледност и сигурност на податоците.
Базата на податоци и апликацијата се во сопственост на глобална компанија која нуди ticketing услуги како сервис за различни организации и организатори на настани. Нивната потреба е стабилен и скалабилен систем што ќе овозможи управување со голем обем на податоци, корисници и трансакции, како и јасна распределба на улоги.
Со овој систем се решаваат проблеми како неорганизирани и децентрализирани податоци, рачна обработка на билети, недоволна контрола врз капацитетите и ограничени можности за анализа. Дополнително, се подобрува координацијата помеѓу различни тимови и се намалуваат грешките при работа.
Типови на корисници се: event администратори , ticket администратори и клиенти/посетители (кои пребаруваат и купуваат билети).
Постојат слични решенија како mkTickets на локално ниво и Eventbrite на глобално ниво, предложениот систем се издвојува по својата флексибилна организација на улоги и можноста повеќе администратори (event и ticket администратори) истовремено да управуваат со различни аспекти од исти настани. Дополнително, акцентот е ставен на прецизно моделирање на базата на податоци и поддршка на комплексни релации, како распределба на билети, следење на капацитети и детална аналитика за продажба и перформанси.
Апликацијата е реализирана како веб платформа, што овозможува пристап преку интернет без потреба од инсталација. Ова им овозможува на организаторите и клиентите лесно користење од било кој уред со прелистувач, додека одржувањето и ажурирањата се вршат централизирано и без дополнителни трошоци за крајните корисници.
