Упатство за стартување и користење на апликацијата
Препорачувам користење на Visual Studio Code. Потребно е да се инсталира Python, истото може да се направи овде.
Во VS Code, препорачувам користење на виртуелна околина, пример venv. Повеќе на линков.
Откако ќе се активира виртуелна околина, може да се инсталираат потребните python пакети во нејзе. Тие се наоѓаат во текстуелната датотека requirements.txt. За да се инсталираат сите одеднаш, може да се искорсти командата:
pip install -r requirements.txt
Јас користев Docker Containers за извршување и поврзување на прототип апликацијата со локална датабаза заедно. За тоа потребно е да се инсталира Docker Desktop, инструкции за тоа на линков.
Кога сѐ од горенаведеното ќе се направи, може да се отворат две bash терминали во VS Code кои ќе се постават една до друга (root е root-от на проектот):
- Во првата терминала се пишува командата
docker-compose up --build
со неа се build-аат и подигаат Docker контејнерите. Првиот пат, процесот ќе потрае подолго, бидејќи треба да ги симне и инсталира Docker сликите, истото да го направи со python пакетите и сето тоа да го из-build-а.
- Во втората терминала се пишува командата
python -m cli.cli_app
со неа се извршува прототип апликацијата која се наоѓа во cli директориумот под името cli_app.
Во втората терминала може да се почне со користење на прототип апликацијата, притоа секое повикување и користење на backend-от и базата се отсликува во првата терминала.