wiki:ERModel

Version 17 (modified by 201057, 2 years ago) ( diff )

--

Верзија 1

Дијаграм

Податочни побарувања

Ентитети

1. NARACKA - ентитет кој чува податоци за нарачки

  • Примарен клуч: naracka_id, вештачки нумерички идентификатор за секоја инстанца од NARACKA

2. HRANA - ентитет кој чува податоците за храната која ја нудат продажните места

  • Примарен клуч: id_stavka, вештачки идентификатор за секоја инстанца од HRANA

Атрибути:

  • ime_hra - тип varchar (задолжителен)

3. CENA - слаб ентитет кој зависи од ентитет HRANA и служи за дефинирање на цената на храната во даден временски период.

  • Примарен клуч: (broj_cena, id_stavka)

Атрибути:

  • iznos - тип integer (задолжителен)
  • vazi_od - тип timestamp (задолжителен)
  • vazi_do - тип timestamp (опционален)

4. NAMIRNICA - ентитет кој чува податоци за намирниците од кои се прави храната

  • Примарен клуч: id_namirnica, вештачки идентификатор за секоја инстанца од NAMIRNICA

Атрибути:

  • dali_alergent: тип boolean (задолжителен)
  • ime_nam: тип varchar (задолжителен)

5. PRODAZHNOMESTO - ентитет кој чува податоци за продажните места кои нудат храна преку апликацијата

  • Примарен клуч: id_mesto, вештачки идентификатор за секоја инстанца од PRODAZHNOMESTO

Атрибути:

  • ime - тип varchar (задолжителен)
  • lokacija - композитен атрибут составен од ulica и број
  • ulica - tip varchar (задолжителен)
  • broj - tip integer (задолжителен)

6. FRANSHIZA - ентитет кој чува податоци за франшизите кои ја користат апликацијата за преку свооите продажни места нудат храна

  • Примарен клуч: franzhiza_id, вештачки идентификатор за секоја инстанца од FRANSHIZA

Атрибути:

  • ime: тип varchar (задолжителен)

7. PAKET - ентитет кој чува податоци за разни пакети кои ги нудат продажните места

  • Примарен клуч: paket_id, вештачки идентификатор за секоја инстанца од PAKET

8. KORISNIK - ентитет кој чува податоци за корисници

  • Кандидат клучеви: username, korisnik_id. Секој корисник ќе има различен username, односно во системот нема да може да има двајца корисници со ист username. Иако овој кандидат клуч уникатно ќе ги идентификува ентитетите, сепак не е добра пракса да се земе текстуален податок за примарен клуч од перформансни причини.
  • Примарен клуч: korisnik_id, вештачки идентификатор за секоја инстанца од KORISNIK

Атрибути:

  • ime - тип varchar (опционален)
  • datum_kreiranje - тип timestamp (задолжителен)

9. POTROSUVAC - изведен ентитет од KORISNIK, кој чува податоци за кориниците кои нарачуваат храна преку апликацијата

  • Примарен клуч: korisnik_id, наследен од KORISNIK

Атрибути:

  • brojnaracki - тип integer (задолжителен)

10. DOSTAVUVAC - изведен ентитет од KORISNIK, кој чува податоци за корисници кои се доставувачи на храната

  • Примарен клуч: korisnik_id, наследен од KORISNIK

Атрибути:

  • brojdostavi - тип integer (задолжителен)

11. ADMIN - изведен ентитет од KORISNIK, кој чува податоци за корисници кои ќе ги додаваат продажните места и ќе ги одобруваат доставувачите.

  • Примарен клуч: korisnik_id, наследен од KORISNIK

12. VRABOTENPD - изведен ентитет од KORISNIK, кој чува податоци за корисници кои работат во продажните места кои нудат храна преку апликацијата

  • Примарен клуч: korisnik_id, наследен од KORISNIK

13. NAPLATA - слаб ентитет кој зависи од POTROSUVAC и DOSTAVUVAC, и чува податоците за наплатата која треба да направи доставувачот, а треба да ја плати потрошувачот

  • Примарен клуч: (korisnik_id(POTROSUVAC), korisnik_id(DOSTAVUVAC), naplata_br), naplata_br вештачки парцијален клуч

Атрибути:

  • iznos - integer

14. KATEGORIJA - ентитет кој чува податоци за категориите во кои може да припаѓа храната и намирниците

  • Примарен клуч: id_kategorija, вештачки идентификатор за секоја инстанца од KATEGORIJA

Атрибути:

  • ime_kat: тип varchar(задолжителен)

15. VOZILO - ентитет кој чува податоци за возилата кои ги користат доставувачите

  • Примарен клуч: vozilo_id, вештачки идентификатор за секоја инстанца од VOZILO

Атрибути:

  • tip_vozilo: тип varchar (задолжителен)

16. ZALIHA - слаб ентитет кој зависи од HRANA и притоа чува податоци за количеството на одредена храна во продажните места

  • Примарен клуч: (id_stavka, broj_zaliha), broj_zaliga е вештачки парцијален клуч

Атрибути:

  • kolicina - тип integer (задолжителен)

17. NACINPLAKJANJE - ентитет кој чува податоци за начинот преку кој потрошувачот ќе ја плати нарачката

  • Примарен клуч: nplakjanje_id, вештачки идентификатор за секоја инстанца од NACINPLAKJANJE

Атрибути:

  • opis_plakjanje - тип varchar (задолжителен)

18. LOKACIJA - ентитет кој чува податоци за локацијата на потрошувачот

  • Примарен клуч: lokacija_id, вештачки идентификатор за секоја инстанца од LOKACIJA

Атрибути:

  • adresa - тип varchar (задолжителен)
  • број - тип integer (задолжителен)

19. KUPON - ентитет кој чува податоци за купоните кои потрошувачите ги добиваат од направените нарачки

  • Примарен клуч: kupon_id, вештачки идентификатор за секоја инстанца од KUPON

Атрибути:

  • iznos_kupon - тип integer (задолжителен)

20. STATUS - ентитет кој чува податоци за статусот на нарачката

  • Примарен клуч: status_id, вештачки идентификатор за секоја инстанца од STATUS

Атрибути:

  • vid_status - тип varchar (задолжителен)

Релации

dobiva - 1:N релација помеѓу KUPON и POTROSUVAC што означува дека купон може да биде во релација со еден потрошувач, додека еден потрошувач може да биде во релација со повеќе купони. se_koristi - 1:1 релација помеѓу KUPON и NACINPLAKJANJE што означува дека еден купон може да се користи како еден начин на плаќање и дека еден начин на плаќање може да користи најмногу еден купон.

Историјат

1. Верзија 1 - препорака од страна на професорот за додавање на атрибут dali_alergent кај ентитетот Namirnica. Промена на кардиналноста на релацијата помеѓу Naracka и Status (од N:N променета во N:1)

Attachments (6)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.