Changes between Version 2 and Version 3 of About


Ignore:
Timestamp:
11/14/22 11:08:21 (2 years ago)
Author:
201065
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • About

    v2 v3  
    1818=== Детален опис на проектот
    1919
     20* '''За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?'''
     21
     22Овој проект ќе биде наменет за било која организација која поседува магацини и извршува одредени активности околу водење на евиденција на состојбата и достапноста на нејзините артикли. Базата на податоци ќе ја менаџира компанијата која ќе ја користи апликацијата, а дополнително ќе биде одговорна и за нејзината структура и ќе може таа да ги извршува сите функционалности кои ги нуди базата: додавање, бришење, уредување и ажурирање на артиклите. Оваа апликација ќе го олесни работењето на магационерите со тоа што ќе нуди разни информации за достапноста на артиклите на различни локации, можност за набавка на артикли и целосна документација за добиената и испорачаната роба во магацините.
     23* '''Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?'''
     24
     25Најголемиот проблем во водењето и управувањето на магацини е точноста на информациите за одредени артикли за тоа дали се тие достапни на одредена локација, во колкава количина се достапни, а со тоа и дали има потреба од набавка на истите. Оваа апликација има за цел сите овие функционалности да ги имплементира во база на податоци. При испорачување на роба, магационерот ги внесува артиклите и количината која е испорачана од соодветниот артикл. Со ова се решава проблемот на лажни и неажурирани информации за достапноста на артиклите и го олеснува процесот на креирање на попис на магацинот со тоа што ќе овозможи достапност на точни информации во реално време. Дополнително, при недостаток на одреден артикл, менаџерот се известува и тој прави набавка на артикли со креирање нарачка, па потоа во секој момент може да се види точно што е нарачано, од кој набавувач е нарачката и на крај може да се спореди нарачката што навистина стигнала во магацинот. Со ова се обезбедува конзистентност во работењето и се намалува можноста за грешки во нарачките.
     26
     27* '''Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?'''
     28
     29    * Апликацијата ќе има 3 типа на вработени во фирмата.
     30      * Магационер- тој е главниот корисник и управува со апликацијата. Негови задачи се креирање на фактури и потоа внесување на артиклите и количината која што е испорачана, како и проверка на достапноста на артиклите. Доколку одредени артикли ги нема на залиха, тој го известува менаџерот. Кога пристигнуваат нови артикли од добавувачите, тој е одговорен да ја ажурира достапноста на ново пристигнатите артикли.
     31      * Менаџер- тој е одговорен за набавка на артикли. Менаџерот добива известување од магационерите во кој магацин кои артикли треба да се нарачаат. Потоа тој креира набавка до соодветен добавувач и ја испраќа истата. Дополнително тој е одговорен и за додавање на артиклите кои досега не постоеле во системот, но и менаџирање на магационерите и добавувачите.
     32      * Добавувач- тој има задача да ја состави набавката која е испратена од менаџерот. Артиклите може да бидат од повеќе категории и треба да се сортираат. Секој добавувач може да испорача артикли само од категориите за кои тој е одговорен.
     33
     34* '''Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект'''
     35
     36Според нашето истражување, не сретнавме ист проект и со сигурност не постои ваков во нашата држава. Сретнавме сличен проект поврзан со едукација, на глобално ниво, кој се занимава само со готови снимени курсеви распределени по предмети и теми, кои може да се купат од страна на одреден корисник. Нашето решение е различно бидејќи за секој предмет има повеќе наставници кои водат евиденција и распоред, како и ученици кои можат лесно да најдат наставник и да имаат потсетник за нивните часови, домашни задачи и плаќања. Оваа апликација ќе се користи само во рамките на државата.
     37
     38* '''Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?'''
     39Се работи за веб апликација.
    2040
    2141
     42