Version 9 (modified by 2 years ago) ( diff ) | ,
---|
Fully Stocked
Inventory Management System
Започнат: ноември 2022
Предмет: Бази на податоци 2022/2023/Зимски
Под менторство на: вонр. проф. д-р Вангел Ајановски, асистент м-р Ненад Анчев и демонстратор Ана Младеновска
Краток опис на проектот
Овој систем претставува веб апликација која има за цел да и помогне на било која организација која содржи во нејзините рамки еден или повеќе магацини, во која таа чува одредени артикли од различни категории.
Дел од вработените, кои се работници во ваквите организации имаат за задача да управуваат со овие магацини, односно да се осигураат дека количините кои се достапни од секој артикл на секоја локација се доволни за непречено да се одвиваат останатите процеси во организацијата. Доколку увидат работниците дека тоа не е случајот, должни се да го известат задолжениот менаџер, кој потоа би креирал нарачка со цел да ги набави артиклите што недостасуваат од овластениот набавувач. Дополнително работниците може да креираат сметкопотврди кои имаат за цел да го документираат изливот на артикли од конкретниот магацин.
За секој работник и менаџер во системот чуваме ИД, име, презиме, корисничко име, емаил и лозинка, додека за набаувачите дополнително чуваме и адреса(улица, број и град), телефон и опис.
Главна придобивка од користењето на овој систем е тоа што комплетно го автоматизира и дигитализира досега рачниот начин на менаџирање на магацините и овозможува сите активности да се одвиваат покоординирано, поорганизирано, побезбедно и со помалку грешки.
Членови на тимот
Име и презиме | Индекс |
---|---|
Дарко Сасански - координатор | 201065 |
Бојан Трпески | 201091 |
Фази на имплементација
Фаза | Име на фаза | Статус |
---|---|---|
Ф0 | Дефинирање на проектот | Одобрено |
Ф1 | Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања | Одобрено |
Ф2 | Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) | Одобрено |
Ф3 | Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи | Започната |
Ф4 | Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) | Не е започната |
Ф5 | Прототип апликација - Основни функционалности | Не е започната |
Ф6 | Нормализација и подобрувања на дизајнот | Не е започната |
Ф7 | Напреден апликативен развој | Не е започната |
Attachments (2)
- logo.png (6.1 KB ) - added by 2 years ago.
- ERModel_v1.jpg (155.5 KB ) - added by 2 years ago.
Download all attachments as: .zip