Changes between Initial Version and Version 1 of AboutProject


Ignore:
Timestamp:
04/17/26 17:24:40 (2 weeks ago)
Author:
231151
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • AboutProject

    v1 v1  
     1= About: GoMelb
     2
     3**Членови:**
     4•       Петар Илиев 231151
     5•       Лука Фуна 231202
     6•       Томислав Филевски 231104
     7
     8== Oпис на проектот
     9Замислата за GoMelb e да направиме систем за управување со јавниот транспорт во Мелбурн, Австралија. Неговата намена е да помогне во организирање и следење на работата на превозот, како што се линиите, постојките, возењата и распоредот на автобусите, трамваи и возови. Во системот се чуваат податоци за возилата што се користат, како и за возачите и кондуктерите и нивните работни распореди. Покрај тоа, системот овозможува управување со патници, различни типови на билети, нивно купување и плаќање, при што се земаат предвид зоните на превоз, цените и можните попусти или претплатнички карти. Исто така, може да се следи движењето и состојбата на возилата, да се евидентираат доцнења, бројот на патници и потрошувачката на гориво. Дополнително, предвидена е можност за испраќање известувања до патниците и поднесување жалби, со што се подобрува комуникацијата и управувањето со услугата. Главната цел на системот е подобра организација и поефикасно функционирање на јавниот превоз во градот.
     10
     11== Детален опис на проектот
     12GoMelb е интегриран систем за управување со јавниот транспорт кој опфаќа целосна евиденција и контрола на сите процеси поврзани со превозот во еден град. Системот овозможува управување со транспортни агенции, линии, постојки, рути и нивната геометрија (shape), како и детално следење на возењата (trip) и времињата на пристигнување по постојки.
     13
     14Во базата се чуваат податоци за возила и нивни типови, вработени (возачи, кондуктери и административен кадар), нивни смени и распоред на возења. Дополнително, системот поддржува логирање на движењето на возилата (GPS), доцнења, капацитет (број на патници) и потрошувачка на гориво, што овозможува анализа и оптимизација на транспортот.
     15
     16Од аспект на корисници, системот овозможува регистрација на патници, купување билети, дефинирање тарифни правила по зони и типови билети, како и примена на попусти и претплатнички карти. Исто така, постои модул за плаќања, известувања и жалби, со што се подобрува комуникацијата меѓу корисниците и транспортната компанија.
     17
     18== Одговори на прашања
     19
     20•       За кого е наменет проектот?
     21             - Проектот е наменет за транспортна компанија или јавна институција која ќе го поседува системот и ќе го нуди како услуга. Нивните потреби вклучуваат централизирано управување со возила, линии, персонал и патници, како и подобра контрола и анализа на транспортните процеси.
     22
     23•       Кои проблеми ги решава?
     24             - Недостаток на централизирана база за сите транспортни податоци.
     25             - Слабо следење на возила и доцнења во реално време.
     26             - Неефикасно управување со распоред на вработени и возења.
     27             - Неконзистентен систем за билети, попусти и тарифи.
     28             - Недоволна анализа на податоци (капацитет, гориво, метеж).
     29             - Слаба комуникација со патниците (известувања и жалби).
     30
     31•       Типови на корисници
     32             - Администратори – управуваат со целиот систем (агенции, линии, тарифи).
     33             - Оператори/менаџери – следат возења, доцнења и логови.
     34             - Возачи и кондуктери – имаат пристап до свои распореди.
     35             - Службеници за попусти – доделуваат и контролираат попусти.
     36             - Патници – купуваат билети, користат претплати, добиваат известувања и поднесуваат жалби.
     37
     38•       Разлика од постоечки решенија
     39             - Детална релациска структура (логови за GPS, гориво, капацитет).
     40             - Интеграција на сите аспекти: возила, персонал, патници, билети и аналитика.
     41             - Поддршка за тарифи по зони и динамички попусти.
     42             - Напредно следење на возења и состојба на транспортот.
     43             - Модул за комуникација (известувања и жалби).
     44
     45
     46