Version 12 (modified by 9 years ago) ( diff ) | ,
---|
Опис на засегнати страни и корисници
Засегнати страни
Име | Опис | Одговорности |
---|---|---|
Купувач | Крајните корисници кои ќе ги купуваат книгите | Регистрација, купување, препораки и давање reviews |
Компанија која се рекламира | Компании кои плаќаат да се рекламираат на сајтот | Да обезбеди материјал за рекламирање |
Уредник | Менаџер на содржина | Менаџирање на содржината на сајтот |
Магацински работник | Прима нарачки и организира пратки | Да ги следи нарачките кои се направени преку системот, да организира нивно испраќање и да води евиденција за завршени нарачки |
Софтверски инженер | Ја развива веб страната, нејзините функционалности и дизајн | Да направи функционална веб страна за online книжарница и истата да ја одржува |
Корисници
Име | Опис | Можности | Засегнати страни |
---|---|---|---|
Купувач | Крајните корисници кои ќе ги купуваат книгите | Купувачите можат да:
| / |
Компанија која се рекламира | Компании кои плаќаат да се рекламираат на сајтот | Добива информации за посетеноста на неговите реклами | / |
Уредник | Менџер на содржина | Ја менаџира содржината на сајтот | / |
Магацински работник | Менаџер на пратки | Да прегледува нарачки и да ги евидентира тие што се завршени | / |
Корисничка околина
Купувачите ќе треба да имаат уред преку кој ќе може да отворат пребарувач (мобилен телефон, компјутер) и пристап до интернет за да можат да ја прегледаат содржината на сајтот. Истото важи и за компаниите кои ќе се рекламираат и менаџерите на содржината.
Потреби на засегнатите страни и корисниците
Потреба | Приоритет | Загриженост | Сегашно решение | Предлог решение |
---|---|---|---|---|
Побрзо купување книги | Висок | / | Не постои | Креирање на online книжарница која ќе овозможи електронско купување книги |
Лесно пребарување | Висок | / | Не постои | Пребарување според категории/жанр и/или автор/наслов |
Достапност до повеќе книги наеднаш | Висок | / | Не постои | Склучување договор со што повеќе издавачки куќи |
Алтернативни решенија и конкуренција
Постојат неколку конкурентски сајтови, но никој од нив не го решава проблемот за известување на моменталната залиха на книгите. Нашиот сервис ќе се интегрира со системите на издавачките куќи со што ќе се овозможи следење на залиха. А воедно и известување на корисниците за пристигнување на книга кои тие ја имаат во листата на желби. Исто така нашиот сајт ќе овозможи нарачка на книга како подарок. Во тој случај книгата ќе биде доставена во украсна хартија со посвета.