| Version 2 (modified by , 12 days ago) ( diff ) |
|---|
Релациски Модел
Основни табели
Основата на моделот се наоѓа во табелите SPORT и SPORT_CATEGORY, каде што се дефинираат спортовите и нивните категории (на пр. машки/женски, времетраење, правила за бодирање). Секоја категорија припаѓа на точно еден спорт.
Географските податоци се моделирани преку COUNTRY, REGION и нивната поврзувачка табела COUNTRY_REGION, што овозможува флексибилно претставување на региони кои може да бидат дел од една или повеќе држави. Табелата LOCATION дополнително дефинира конкретна локација каде се извршуваат спортски активности (пример стадион, терен, лизгачки круг и сл.).
Табели за организација
Организациската структура е претставена преку FEDERATION, која може да биде интернационална (INTERNATIONAL_FEDERATION) или национална (NATIONAL_FEDERATION). За националните федерации се води евиденција на која држава припаѓаат и во која интернационална федерација членуваат. Дополнително, постојат NATIONAL_LEAGUE и SEASON, кои овозможуваат организирање на лиги и нивни сезони.
Спортските клубови се следат во табелата SPORT_CLUB и припаѓаат на национални федерации и држави, а преку CLUB_FEDERATION табела се следи нивната припадност на федерации низ времето. Секој клуб може да има повеќе тимови SPORT_TEAM, кои учествуваат во сезони преку SEASON_SPORT_TEAM.
Табели за луѓе
Во основната табелата PERSON се чуваат лични податоци име, презиме, датум на раѓање, пол, држава и матичен број. Од ова табела наследуваат табела за спортист, за судија и за тренер.
Табела за спортисти SPORTSPERSON чува дополнителен податок за спорт категорија. Имаат договори со клубови преку SPORTSPERSON_CONTRACT, со дефиниран период и финансиски надоместоци.
Табелата за тренери COACH води евиденција за која спортска категорија тренираат и во која федерација членуваат. Исто се и поврзани со тимови преку COACHING_TEAM, каде се следи во кој период тренираат.
Табелата за судии REFEREE, исто како за тренери, води евиденција за која спортска категорија може да суди и во која федерација членува.
Табели за натпревар
Натпреварите се моделирани преку COMPETITION (со тип дефиниран во COMPETITION_TYPE) и конкретни дуели DUEL.
Во табелата за натпревари се води евиденција за тип на натпревар (дефиниран во COMPETITION_TYPE), федерација која го организира, сезоната, име, почетен и краен датум.
Дуел следи кои тимови учествуваат, на која локација се одвива, која спортска категорија се игра, кога почнал и опционално во кој натпревар припаѓа. Ако нема натпревар (вредноста е NULL) претставува пријателски натпревар помеѓу тимовите. Дополнително преку табелата REFEREEING_DUEL се следи кои судии судат на која дуел.
Учество на играчи од секој тим за секој дуел се следи со табелата TEAM_ROSTER, дополнително и временски период на учество.
Со табелата SCORE за секој играч во секој дуел се следи кога тој играч постигнал поен.
Останато
Се чуваат податоци исто така за спонзори со табелата SPONSOR. Секој спонзор им уникатно име. Исто така се следи спонзорирање на тим со SPONSORSHIP каде се складираат податоци кој тим е спонзориран од кој спонзор, во кој период и сума на исплата.
Моменталната структура има дефинирано и неколку процедури, односно функции, и тригери. Функцијата valid_date_range() врши валидација на внесен почетен и краен датум. Останатите функции се користат во тригери.
Attachments (2)
- RelationalModel-ProjectCode.vpp (1.2 MB ) - added by 10 days ago.
-
RelationalModel-ProjectCode-2.svg
(346.9 KB
) - added by 10 days ago.
Се сервира претходна слика кога се постави со исто име
Download all attachments as: .zip
