wiki:definition

iZgradi

Краток опис на проектот

Апликација за менаџирање со градежни проекти и објекти. Апликацијата има за цел да го олесни прегледот врз градежните проекти во тек, како и прегледот врз дефекти и реновирања на постоечки објекти. Една фирма или инвеститор кој поседува повеќе објекти ќе може да ја следи состојбата на изградба на неговите проекти, буџетот на одделните објекти и трошоците асоцирани со одреден објект. Дополнително ќе може да се следат информации за луѓето кои работат на објектите и надзорите кои ја надгледуваат изградбата на истите. Покраш проектите во изградба, ќе можат да се следат санираните дефекти и извршените реновирања на постоечки објекти, кои работел на нив, и колку чинеле истите.

Детален опис на проектот

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Сопственик на базата на податоци би била фирмата која ќе го поседува односно хостира самиот софтвер за менаџирање со градежните проекти. Тоа може да биде SAAS (Software As A Service) компанија која ќе ја нуди својата услуга на разни клиенти. Од друга страна пак, системот може да биде self-hosted решение каде што самите клиенти ќе си бидат сопственици на својата инстанца од софтверот и самостојно ќе си ја менаџираат базата на податоци. Корисниците ќе ја користат апликацијата за менаџмент со своите проекти, за следење на фазата на изработка, како и трошоците асоцирани со неа. Ќе можат полесно да прават извештаи и анализи за извршената работа, потребите околу изградбата на одреден проект, и пресметки за ефикасноста на подизведувашите.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Апликацијата ќе решава проблеми со прегледност и анализа врз објектите со кои раководи една фирма. Ќе може да се следат трошоците поврзани со работниците кои работат на една зграда, како и набавките направени за истите. Ќе може да се анализираат трошоците за одредени фази на изградба на една зграда или пак да се споредуваат перформансите и трошоците на најразлични подизведувачи со цел оптимизација на идни проекти. Исто така ќе имаат полесен преглед за моменталната ситуација на објектите.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Корисници на апликацијата ќе бидат споствениците на објектите, како и надзорите/подизведувачите кои работат на истите. Сопствениците ќе ја користат апликацијата за преглед и анализа. Подизведувачите ќе ја користат апликацијата за пријавување на ситуациите на изведба, а надзорите ќе ги прегледуваат и одобруваат истите.

  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект

Иако софтвер за менаџирање со градежни проекти веќе постои, овој проект има иновација во тоа што ќе дозволува преглед и менаџмент со веќе постоечки објекти како и проекти во изградба. Исто така за разлика од постоечки решениа, оваа апликација е предвидена да има поедноставен кориснички интерфејс како и мобилни апликации за полесен кориснички пристап (како за надзорите и подизведувачите).

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Веб апликација со можност за развивање и мобилни апликации кои ќе се користат од подизведувачите и надзорите. Веб апликацијата ќе биде опслужена од LAMP stack server (Linux, Apache, MySQL, PHP).

Last modified 5 weeks ago Last modified on 12/12/24 12:28:42
Note: See TracWiki for help on using the wiki.