Changes between Initial Version and Version 1 of AboutProject


Ignore:
Timestamp:
04/17/26 13:30:42 (2 weeks ago)
Author:
231049
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • AboutProject

    v1 v1  
     1== !Дефинирање на проектот
     2
     3== Членови на тимот
     4
     5||= Фаза =||='''Име и презиме'''=||='''Индекс'''=||='''Улога'''=||
     6|| Ф0 || Радица Стојкоска ||    231049   || Координатор ||
     7|| Ф1 || Лео Тренчев ||  231173  || Член на тимот ||
     8|| Ф2 || Теодор Трајчев ||   231137   || Член на тимот ||
     9
     10== Краток опис на проектот
     11
     12Базата на податоци за Majstore ќе содржи структурирани податоци за корисници, мајстори, огласи и понуди. Ќе се чуваат основни информации за корисниците како име, е-пошта, лозинка, улога и локација. За мајсторите ќе има дополнителни податоци како опис, категории на услуги, рејтинг и достапност. Системот ќе вклучува и огласи кои ги креираат корисниците, како и понуди од мајстори со цена и рок за извршување.
     13
     14Проектот претставува веб апликација која овозможува поврзување на луѓе што имаат потреба од услуга со мајстори кои ја нудат таа услуга. Корисниците ќе можат да објавуваат барања, да примаат понуди и да изберат најсоодветен мајстор. По завршување на услугата ќе може да се оставаат оценки и рецензии, со цел поголема доверба во системот.
     15
     16
     17== Детален опис на проектот
     18
     19Majstore е веб апликација која служи како платформа за поврзување на корисници со мајстори од различни занаетчиски области како електричари, водоинсталатери, молери, механичари и слично. Целта на системот е да го поедностави процесот на наоѓање и ангажирање на соодветен мајстор според потребите на корисникот.
     20
     21Платформата е замислена како сервис кој може да го одржува компанија или поединец, а улогата на системот е да посредува помеѓу клиенти кои имаат потреба од услуга и мајстори кои ја нудат таа услуга. На овој начин се овозможува сите понуди да бидат централизирани и полесно достапни.
     22
     23Главниот проблем кој се решава со ова решение е тешкото и често неефикасно наоѓање доверливи мајстори, како и недостатокот на информации за нивниот квалитет и претходно искуство. Преку системот корисниците можат да споредуваат понуди, оценки и рецензии, што овозможува поинформиран избор.
     24
     25Во системот постојат три основни типа на корисници:
     26
     27- Администратори, кои го одржуваат и управуваат системот
     28- Корисници (клиенти), кои објавуваат огласи за потребни услуги
     29- Мајстори, кои аплицираат на огласи и ги нудат своите услуги
     30
     31Иако постојат слични платформи во светот, Majstore е насочен кон поедноставна, локална и лесна употреба, со посебен фокус на транспарентност и брзо поврзување меѓу клиентите и мајсторите.
     32
     33Се работи за веб апликација која има за цел да го модернизира начинот на барање и нудење занаетчиски услуги на локално ниво.
     34
     35