Changes between Version 1 and Version 2 of About


Ignore:
Timestamp:
11/11/22 13:41:56 (2 years ago)
Author:
201094
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • About

    v1 v2  
     1=== '''Краток опис на проектот''' ===
     2
     3
     4MovieZone претставува систем за пребарување и резервирање на кино карти за филмови. Овој систем поддржува два типа на корисници и тоа корисник вработен, корисник клиент. Клиентите ќе може да се регистрираат на страната и за нив ќе се чуваат податоци како име и презиме, е-адреса и контакт телефон. Со најавување на страната клиентот има можност да пребарува низ филмови достапни во киното и при избор на одреден филм му се листаат сите достапни проекции за истиот. За една проекција достапни се информации како во која кино сала се прикажува филмот, датум и време на проекцијата како и тип на технологија. Доколку корисникот избере одредена проекција за филм тој ќе има можност да избере седиште во кино салата по што се изготвува тикет за таа нарачка. Корисникот извршува резервација откако ќе изврши плаќање на тикетот. Од друга страна корисникот вработен има посебно поле за улогата која ја има самиот вработен во киното. Вработените кои се грижат за продавање на карти и услуга на клиентите ќе можат да ги прегледува резервациите направени од клиентите. Од друга страна тие што се задолжени за одржување на страната имаат општа задача насочена кон функционирањето на страната. За сите типови на вработени се чуваат истите податоци како работно време, плата, улога, како и кога започнал со работа во компанијата. Има повеќе работи кои не издвојуваат од останатите системи, како на пример опцијата за дискаунт за одредена проекција како и можноста за организирање на настани.
     5Системот освен што ќе овозможува резервирање на карти за клиентите, ќе овозможува и менаџирање на секој аспект на киното.
     6
     7
     8
     9=== '''Членови на тимот''' ===
     10
     11
     12
     13||='''Име и презиме'''=||='''Индекс'''=||
     14|| Деница Ќорвезир - координатор || 201094 ||
     15|| Мила Михајловска || 201131 ||
     16
     17
     18
    119•       За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби.
    220Нашиот проект претставува апликација која е наменета за користење на фирма, поконкретно MovieZone кој претставува кино компанија која сака да овозможи резервирање и прегледување на филмовите во неговиот репертоар. Апликацијата во преден план е наменета за олеснување на пристапот на клиентите до кои филмови ги нуди киното, во кој термин, но и едноставна резервација на картите за одбраниот филм. Ова претставува огромен бенефит на самата фирма иако на прв поглед не изгледа така. Клиентите ќе бидат многу по мотивирани да резервираат карти, ако имаат директен пристап до тоа што има на репертоар.