11 | | == Детален опис на проектот |
12 | | * **За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби** |
13 | | Овој проект е наменет за организатори на настани и музички артисти - овозможуваме брзо и едноставно организаторите да пронајдат музички артисти кои ќе настапуваат на нивниот следен настан (помал вид на настани како прослави, родендени, забави, итн.). |
14 | | Базата на податоци и целокупната апликација ќе ја поседува, менаџира и управува оној кој ќе ја креира односно сопственикот и креаторот на оваа платформа. |
| 11 | == DML скрипта за полнење на табелите со податоци |
| 12 | POLNENJE.SQL |
16 | | * **Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?** |
17 | | Нудиме брзо и едноставно решение кое има за цел да го олесни процесот на пронаоѓање на артисти за одредени настани. Кога ќе кажеме настани, не мислиме на концерти туку прослави, забави, родендени, журки, свадби, итн. Главниот проблем кој произлегува од организирање на претходно наведените настани е времето кое се губи додека се најде артист, најчесто тоа оди по пат на пријатели (односно кој кого знае) или пак преку социјални мрежи - па откако ќе се најде, преговорите се водат дали преку телефон, дали преку социјални мрежи и целото тоа одзема доста време и не е добро организирано/ унифицирано (на едно место). Она кое што ние како платформа го нудиме е - место за преговори со артисти и нивно закажување (букирање). Организаторите од сега ќе имаат се на едно место каде што ќе можат да најдат артисти кои ќе настапуваат на некој нивен настан, и да започнат преговори со нив. |
18 | | |
19 | | * **Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?** |
20 | | Корисниците на платформата можат да бидат од следниот тип: музички артист, организатор на настан, менаџер. |
21 | | |
22 | | Како музички артист, корисникот ќе биде во можност да креира профил на кој што ќе се претстави самиот и ќе наведе податоци за себe т.е. линкови кон негови профили на разни музички стриминг платформи, кратка биографија за себе, жанрови кои ги пее, каков тип на артист е и слично. Покрај основните информации артистот ќе треба да наведе и просечна цена од час која ја наплаќа за настан со цел организаторите да имаат некоја замисла за цената доколку сакаат да го најмат артистот. Секако доколку некој сака да го најми артистот, тој ќе има преглед до барањето и ќе има можност да му прати понуда како и опција да наведе дали сака целата сума да биде наплатена преку платформата или само барањето. Бидејќи организаторот ќе има можност да остава коментари за одредената понуда, артистот ке има пристап до коментарите кои ги оставил организаторот како и можност да додава свои. Покрај тоа, доколку артистите сакаат нивните менаџери да се грижат за профилот како и за договарањата за настапи или прослави и понудите со организаторите, ќе имаат можност да испратат покана до нивните менаџери да се приклучат кон платформата и да се регистрираат на неа како тип на корисник: менаџер. Исто така артистот ќе има преглед до рецензиите кои разните организатори ги оставале за него. |
23 | | |
24 | | Како организатор, корисникот ќе има опција да пребарува низ сите артисти кои се достапни на платформата и истовремено да го филтрира нивниот приказ по одредени референци. Организаторот ќе има опција да испрати барање за понуда до артистот/артистите за одреден настан/приватна забава/прослава. Доколку организаторот нема креирано настан (прослава) - тој ќе треба да креира така што ќе наведе тип, локација, датум, име и сл. Ќе има опција тој настан да го зачува во "Мои Настани" со цел да може да испрати барање до повеќе артисти за истиот и по неговото креирање. Тој ќе го испрати барањето за понуда, со тоа што со испраќање на барањето тој ќе треба да плати одреден износ односно 20% од тарифата на артистот за еден час за неговото барање да биде процесирано. Оваа трансакција е со цел да се докаже сериозноста на организаторот и да се заштитат артистите од примање безброј несериозни понуди. Потоа по испраќањето на понудата, организаторот и артистот/менаџерот на артистот ќе може да ја започнат дискусијата за договарање на деталите преку оставање на коментари (слично како форум). Преку дискусија кога ќе ги дефинираат конкретните детали за настапот на артистот како и тоа дали ќе биде наплатена целата сума преку платформата или не, организаторот ќе треба да ја потврди понудата. |
25 | | |
26 | | Како менаџер корисникот ќе може да се регистрира само доколку претходно добил покана за приклучување кон платформата од страна на артистот кој го менаџира. По примањето на поканата тој ќе има опција да си регистрира профил и доколку понатаму друг артист сака да го покани, тој нема да има потреба да направи нов профил, туку артистот кој го поканил ќе му биде додаден во листата на артисти на кои им е менаџер (секако со претходна дозвола од менаџерот). Менаџерот ќе има опција делумно да управува со профилот на артистите т.е. да води преговори со организаторите, да ги разгледува барањата, да испраќа понуди, да додава дополнителни информации за артистите од типот линкови, биографија и сл. |
27 | | |
28 | | * **Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект** |
29 | | Според нашето истражување се сретнавме со 2 вакви слични платформи кои се неодамна направени. Една од нив претставува платформа којашто е повеќе ориентирана кон менаџирање на настани и им помага на артистите да го најдат настанот на кој што сакаат да настапат. Другата платформа се однесува повеќе кон менаџирање на настаните и наоѓање на бендови да свират на истите. Меѓутоа нашата платформа е повеќе ориентирана кон тоа клиентите/организаторите да имаат брз и лесен пристап до артистите кои се регистрирале и можност за искажување на интерес т.е. испраќање на барање за понуда кон артистите за одреден настан кои клиентите го организираат. Во однос со плаќањето - ние наплаќаме од барање за понуда но доколку артистот преферира ќе може организаторот и да ја плати целата сума, додека другите платформи земаат процент од целиот износ за одреден настан. |
30 | | |
31 | | * **Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?** |
32 | | Веб базирана апликација |
| 14 | == Релациски дијаграм изваден од DBeaver |
| 15 | RELACISKI |