| 18 | Нудиме брзо и едноставно решение кое има за цел да го олесни процесот на пронаоѓање на артисти за одредени настани. Кога ќе кажеме настани, не мислиме на концерти туку прослави, забави, родендени, журки, свадби, итн. Главниот проблем кој произлегува од организирање на претходно наведените настани е времето кое се губи додека се најде артист, најчесто тоа оди по пат на пријатли (односно кој кого знае) или пак преку Фејсбук/ Инстаграм - па откако ќе се најде, преговорите се водат дали преку телефон, дали преку социјални мрежи и целото тоа е на сите страни.. Она кое што ние како платформа го нудиме е - место за преговори со артисти. Нудиме голем број на артисти од кои што Вие ќе можете да побарате понуда за некој Ваш настан и да ги започнете преговорите. |