Version 17 (modified by 3 years ago) ( diff ) | ,
---|
Musion
Членови на тимот
- Игор Даниловски (координатор) 191273
- Виктор Гавриловиќ 191151
- Бојан Симичиев 191215
Краток опис на проектот
Musion е платформа којашто има за цел да овозможи поврзување на клиенти (организатори на настани) со музички артисти. На оваа платформа ќе може да се регистрира секој кој сака да ангажира одреден музички артист. Платформата на брз и едноставен начин ќе овозможи листање на артисти, кои се регистрирале на платформата, со цел организаторот да го најде посакуваниот артист за неговиот слеен настан. Го олеснуваме начинот на водење преговори помеѓу организаторот на настанот и артистите. Покрај тоа артистите како корисници на платформата доколку имаат свој менаџер, ќе имаат можност да испратат покана до истиот, за тој да може да раководи со профилот и да менањира со водењето на преговори за одредени настани.
Детален опис на проектот
- За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби
Овој проект е наменет за организатори на настани (не концерти, туку помал вид на настани како прослави, забави, итн.) и музички артисти, овозможуваме организаторите да почнат преговори со артистите со цел одредени артисти да бидат дел од некој настан кој тие го организираат. Базата на податоци и целокупната апликација ќе ја поседува, менаџира и управува оној кој ќе ја креира односно сопственикот и креаторот на оваа платформа.
- Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Нудиме брзо и едноставно решение кое има за цел да го олесни процесот на пронаоѓање на артисти за одредени настани. Кога ќе кажеме настани, не мислиме на концерти туку прослави, забави, родендени, журки, свадби, итн. Главниот проблем кој произлегува од организирање на претходно наведените настани е времето кое се губи додека се најде артист, најчесто тоа оди по пат на пријатели (односно кој кого знае) или пак преку Facebook/Instagram - па откако ќе се најде, преговорите се водат дали преку телефон, дали преку социјални мрежи и целото тоа е убаво уредено и организирано. Она кое што ние како платформа го нудиме е - место за преговори со артисти. Нудиме голем број на артисти од кои што Вие ќе можете да побарате понуда за некој Ваш настан и да ги започнете преговорите.
- Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Корисниците на платформата можат да бидат од следниот тип: музички артист, организатор на настан, менаџер.
Како музички артист, корисникот ќе биде во можност да креира профил на кој што ќе се претстави самиот и ќе наведе податоци за себe т.е. линкови кон негови профили на разни music streaming platforms, кратка биографија за себе, жанрови кои ги пее, каков тип на артист е и слично. Покрај основните информации артистот ќе треба да наведе и просечна цена од час кој ја наплаќа за настап со цел организаторите да имаат некоја замисла за цената доколку сакаат да го најмат артистот. Секако доколку некој сака да го најми артистот, тој ќе има преглед до барањето и ќе има опција да му прати понуда. Бидејќи организаторот ќе има можност да остава коментари, артистот ке има пристап до коментарите кои ги оставил организаторот како и да додава свои. Покрај тоа, доколку артистите сакаат нивните менаџери да се грижат за профилот како и за договарањата за настап и понудите со организаторите, ќе имаат можност да испратат покана до нивните менаџери да се приклучат кон платформата и да се регистрираат на неа како тип на корисник: менаџер. Исто така артистот ќе има преглед до рецензиите кои разните организатори ги оставале за него.
Како организатор тој ќе има опција да ги излистува сите артисти кои се достапни на платформата и истовремено да го филтрира нивниот приказ по одредени референци. Организаторот ќе има опција да испрати барање за понуда до артистот/ артистите за одреден настан, доколку организаторот нема креирано настан - тој ќе треба да креира каде што ќе наведе тип на настан, локација, датум, име и сл. ќе има опција тој настан да го зачува во "Мои Настани" со цел да може да испрати барање до повеќе артисти за истиот и по неговото креирање, тој ќе го испрати барањето за понуда, со тоа што со испраќање на барањето тој ќе треба да плати одреден износ односно 20% од тарифата на артистот за еден час за неговото барање да биде процесирано. Оваа трансакција е со цел да се докаже сериозноста на организаторот и да се заштитат артистите од примање безброј несериозни понуди. Потоа по испраќањето на понудата, организаторот и артистот/менаџерот на артистот ќе може да ја започнат дискусијата за договарање на деталите преку оставање на коментари (слично како форум). Преку дискусија кога ќе ги дефинираат конкретните детали за настапот на артистот, тогаш организаторот ќе треба да ја потврди понудата.
Како менаџер корисникот ќе може да се регистрира само доколку претходно добил покана за приклучување кон платформата од страна на артистот кој го менаџира. По примањето на поканата тој ќе има опција да си регистрира профил и доколку понатаму друг артист сака да го покани, тој нема да има потреба да направи нов профил, туку артистот кој го поканил ќе му биде додаден во листата на артисти на кои им е менаџер. Менаџерот ќе има опција делумно да управува со профилот на артистите т.е. да води преговори со организаторите, да ги разгледува барањата, да испраќа понуди, да додава дополнителни информации за артистите од типот линкови, биографија и слично.
- Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Веб базирана апликација
Attachments (1)
- schema.jpg (63.2 KB ) - added by 3 years ago.
Download all attachments as: .zip