wiki:UseCaseModel

Version 9 (modified by 191215, 2 years ago) ( diff )

--

Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи

Актери

  • Организатор - тип на корисник кој се регистрира при првата регистрација (Sign Up форма). Организаторот ќе има можност да ги прегледува сите регистрирани артисти на платформата. Овој тип на корисник ќе може во било кое време да креира настан на кој ќе сака да испрати барање за понуда кон артисти.
  • Артист - тип на корисник кој се регистрира при првата регистрација (Sign Up форма). Артистите на платформата ќе можат да се промовираат себеси и својата музичка кариера, како и да заработат пари преку платформата со секој склучен договор со организаторот. Исто така тие ќе можат во било кој момент да го поканат својот менаџер (доколку имаат).
  • Менаџер - тип на корисник кој може да се регистрира само доколку претходно е поканет од барем 1 артист (преку e-mail) кој е присутен на платформата, со самото прифаќање на поканата ќе се регистрира како менаџер на артистот кој го поканил. Тој ги менаџира профилите на артистите на коишто е менаџер и може да управува со барањата за присуство на настаните.

Сценарија

  • Регистрација на артист
  • Регистрација на организатор
  • Најава на корисник
  • Испраќање и прифаќање на покана - регистрација на менаџер
  • Пребарување на артисти
  • Резервација (букирање) на артист за одреден настан
  • Оставање на рецензија за артист
  • Исплаќање на артистот за одреден настан
  • Креирање на настан од страна на организаторот

Најважни случаи на употреба

Note: See TracWiki for help on using the wiki.