| | 1 | == Краток опис на проектот == |
| | 2 | |
| | 3 | NETIntel претставува систем за мониторинг и анализа на компјутерски мрежи и уреди, |
| | 4 | наменет за собирање, складирање и преглед на податоци поврзани со перформансите |
| | 5 | и безбедноста на компјутерските системи. Проектот се состои од клиентска апликација |
| | 6 | инсталирана на поединечни компјутери и централен сервер кој ги обработува и визуелизира |
| | 7 | собраните податоци. |
| | 8 | |
| | 9 | Клиентската апликација периодично собира информации за искористеноста на системските |
| | 10 | ресурси (CPU, RAM, диск), активните процеси, мрежните конекции и безбедносните настани |
| | 11 | (Sysmon или симулирани Sysmon податоци) и ги испраќа до серверот преку мрежна конекција. |
| | 12 | |
| | 13 | Серверската апликација ги складира податоците во релациона база на податоци, |
| | 14 | организирани по логички околини (environments), и овозможува централизирано следење |
| | 15 | на повеќе уреди преку веб интерфејс. Преку системот може да се добие увид во моменталната |
| | 16 | состојба на уредите, историјата на перформансите и потенцијалните безбедносни закани. |
| | 17 | |
| | 18 | == Детален опис на проектот == |
| | 19 | |
| | 20 | === За кого е наменета базата на податоци и проектот === |
| | 21 | |
| | 22 | Проектот NETIntel е наменет за поединци, организации и институции кои имаат потреба |
| | 23 | од централизирано следење и анализа на компјутерски системи во локална или распределена |
| | 24 | мрежа. Системот може да се користи од: |
| | 25 | |
| | 26 | * систем администратори кои управуваат со повеќе компјутери, |
| | 27 | * компании кои сакаат подобар увид во перформансите и безбедноста на својата инфраструктура, |
| | 28 | * образовни институции за мониторинг на лабораториски компјутери. |
| | 29 | |
| | 30 | Базата на податоци служи како централен репозиториум за сите собрани логови и метрики, |
| | 31 | овозможувајќи анализа, пребарување и генерирање извештаи. |
| | 32 | |
| | 33 | === Какви проблеми во фирмата или организацијата се решаваат со проектот === |
| | 34 | |
| | 35 | NETIntel овозможува решавање на следните проблеми: |
| | 36 | |
| | 37 | * недостиг на централизирано следење на повеќе уреди, |
| | 38 | * отежнато откривање на проблеми со перформансите, |
| | 39 | * задоцнета идентификација на потенцијални безбедносни инциденти, |
| | 40 | * недостаток на историски податоци за анализа и споредба. |
| | 41 | |
| | 42 | Со автоматизираното собирање и обработка на податоци, системот овозможува |
| | 43 | навремена реакција, подобра стабилност на системите и зголемена безбедност. |
| | 44 | |
| | 45 | === Какви видови корисници ќе имаат пристап до системот === |
| | 46 | |
| | 47 | Системот предвидува следниве типови корисници: |
| | 48 | |
| | 49 | * Администратор – управува со environments, токени за пристап и има целосен увид |
| | 50 | во сите податоци во системот. |
| | 51 | * Клиент (компјутер) – автоматски испраќа податоци до серверот преку client апликацијата. |
| | 52 | * Аналитичар/набљудувач – преку веб интерфејс има пристап за преглед и анализа на |
| | 53 | податоците и логовите. |
| | 54 | |
| | 55 | Проектот е дизајниран со можност за понатамошно проширување, како што се интелигентна |
| | 56 | анализа на логови (RAG систем), автоматска детекција на аномалии и напредни извештаи. |