Краток опис на проектот
NETIntel претставува систем за мониторинг и анализа на компјутерски мрежи и уреди, наменет за собирање, складирање и преглед на податоци поврзани со перформансите и безбедноста на компјутерските системи. Проектот се состои од клиентска апликација инсталирана на поединечни компјутери и централен сервер кој ги обработува и визуелизира собраните податоци.
Клиентската апликација периодично собира информации за искористеноста на системските ресурси (CPU, RAM, диск), активните процеси, мрежните конекции и безбедносните настани (Sysmon или симулирани Sysmon податоци) и ги испраќа до серверот преку мрежна конекција.
Серверската апликација ги складира податоците во релациона база на податоци, организирани по логички околини (environments), и овозможува централизирано следење на повеќе уреди преку веб интерфејс. Преку системот може да се добие увид во моменталната состојба на уредите, историјата на перформансите и потенцијалните безбедносни закани.
Детален опис на проектот
За кого е наменета базата на податоци и проектот
Проектот NETIntel е наменет за поединци, организации и институции кои имаат потреба од централизирано следење и анализа на компјутерски системи во локална или распределена мрежа. Системот може да се користи од:
- систем администратори кои управуваат со повеќе компјутери,
- компании кои сакаат подобар увид во перформансите и безбедноста на својата инфраструктура,
- образовни институции за мониторинг на лабораториски компјутери.
Базата на податоци служи како централен репозиториум за сите собрани логови и метрики, овозможувајќи анализа, пребарување и генерирање извештаи.
Какви проблеми во фирмата или организацијата се решаваат со проектот
NETIntel овозможува решавање на следните проблеми:
- недостиг на централизирано следење на повеќе уреди,
- отежнато откривање на проблеми со перформансите,
- задоцнета идентификација на потенцијални безбедносни инциденти,
- недостаток на историски податоци за анализа и споредба.
Со автоматизираното собирање и обработка на податоци, системот овозможува навремена реакција, подобра стабилност на системите и зголемена безбедност.
Какви видови корисници ќе имаат пристап до системот
Системот предвидува следниве типови корисници:
- Администратор – управува со environments, токени за пристап и има целосен увид во сите податоци во системот.
- Клиент (компјутер) – автоматски испраќа податоци до серверот преку client апликацијата.
- Аналитичар/набљудувач – преку веб интерфејс има пристап за преглед и анализа на податоците и логовите.
Проектот е дизајниран со можност за понатамошно проширување, како што се интелигентна анализа на логови (RAG систем), автоматска детекција на аномалии и напредни извештаи.
