wiki:NETIntel-СЦ2-Dashboard-преглед

NETIntel – СЦ2: Преглед на сите компјутери (Dashboard)

Опис

Dashboard-от прикажува листа на сите компјутери во рамки на tenant-от на најавениот корисник, со нивниот тековен статус (online / idle / offline), просечни перформансни метрики и кратка статистика за собрани податоци и безбедносни настани.

Актери

  • Администратор
  • Оператор / Аналитичар

Предуслови

  • Валидна корисничка сесија (JWT session cookie добиен преку Google OAuth).
  • Постојат записи во табелата computers за соодветниот tenant.
  • Постојат барем некои записи во computer_history и/или sysmon_events.

Главен тек

  1. Корисникот ја отвора почетната страница (Dashboard).
  2. Клиентскиот интерфејс повикува GET /api/computers.
  3. Серверот го чита tenant_id од корисничката сесија и ги вчитува сите компјутери што припаѓаат на истиот tenant, сортирани по last_seen.
  4. За секој компјутер серверот пресметува:
    • статус (online / idle / offline) врз основа на last_seen
    • број на перформансни записи во последните 24 часа од computer_history
    • број на Sysmon настани во последните 24 часа од sysmon_events
    • просечен CPU и RAM (последни 5 записи) од computer_history
  5. Серверот ги агрегира резултатите и враќа JSON одговор со листата на компјутери и summary статистики.
  6. Клиентскиот интерфејс ги прикажува податоците во dashboard приказ.

Табели што се засегаат

  • computers
  • computer_history
  • sysmon_events
Last modified 3 weeks ago Last modified on 01/21/26 00:48:04
Note: See TracWiki for help on using the wiki.