| Version 13 (modified by , 11 days ago) ( diff ) |
|---|
NETIntel
За проектот
Име на проектот: NETIntel
Започнат: Јануари 2026
Ментор: вон. проф. д-р Вангел Ајановски
Членови: Илина Стеваноска 231118
Краток опис на проектот
NETIntel претставува систем за собирање, складирање и анализа на податоци од компјутерски мрежи со цел следење на перформансите и рано откривање на безбедносни закани. Во базата на податоци се чуваат информации за компјутерите (клиенти), нивните системски ресурси, активните процеси, мрежните конекции и безбедносните настани што се генерираат во текот на работењето.
Системот се состои од клиентска апликација која периодично собира податоци од поединечни компјутери и ги испраќа до централен сервер. Серверската компонента ги обработува и складира податоците во релациона база на податоци, организирани по логички околини (environments), што овозможува централизирано управување со повеќе уреди. Дополнително, системот овозможува анализа и пребарување на логови, со што се олеснува идентификацијата на потенцијални безбедносни инциденти и аномалии во мрежата.
Документација
| Фаза | Име на фаза | Статус | Датум |
| Ф0 | Дефинирање на проектот | Одобрено | 22.01.2026 |
| Ф1 | Концептуален дизајн – ER дијаграм и податочни барања | Одобрено | 22.01.2026 |
| Ф2 | Логички и физички дизајн – SQL DDL | Одобрено | 22.01.2026 |
| Ф3 | Апликативен дизајн – SQL погледи и сценарија | Одобрено | 22.01.2026 |
| Ф4 | Напредни извештаи од базата | Завршено | |
| Ф5 | Прототип апликација – Основни функционалности | Завршено | |
| Ф6 | Нормализација и подобрувања на дизајнот | Не е започнато | |
| Ф7 | Напреден апликативен развој | Не е започнато |
Attachments (1)
- logo.png (6.1 KB ) - added by 7 weeks ago.
Download all attachments as: .zip
