Бизнис модел
Цели
Целта на овој систем е да се олесни процесот на избирање на ментор за студентите, така што се зголемува достапноста на информации за професорите-ментори на факултетот и се воведува автоматизиран систем за наогање на најсоодветниот ментор.
Предности
- Интуитивна платформа за лесна комуникација
- Овозможува избор на ментор според интереси, предмети, тип на труд, достапност...
- Филтрирање според релевантни тагови и автоматски предлози.
- Дигитализирана комуникација: целата комуникација поминува преку системот, што овозможува евиденција и следење, но и многу побрз одговор.
- Можност за подобрување преку мислења: студентите можат да дадат повратна информација, што создава круг на подобрување и доверба меѓу студентите и професорите.
Ризици
- Ниска активност на ментори: дел од менторите може да не одговараат редовно, да не сакаат да ја користат платформата, или да им треба долго време да се навикнат на системот.
- Претерано оптоварување на менторите: Некои ментори може да примаат многу барања.
- Студентите може да се двоумат да ги споделат своите целосни искуства со професорите бидејќи нивните мислења се јавни
- Неуспешно совпаѓање: студентите може да не најдат ментор кој одговара на нивните интереси.
- Неточни или стари информации: Корисниците може да имаат неточни податоци на своите профили, што води до лоши совпаѓања.
Last modified
8 days ago
Last modified on 05/07/25 14:31:24
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.