Version 3 (modified by 23 months ago) ( diff ) | ,
---|
Насоки за потребен софтвер и стартување на апликацијата
-- За почеток потребно е да имате инсталирано .NET 6.0 на вашата машина.
-- Потоа е потребно од некоја околина за развој во која што ќе може да се вклучи проектот, каде што потребно е да се симне Visual Studio 2022 (препорачливо е за верзија 6.0 бидејќи можеби нема да се извршува добро на пониските верзии од Visual Studio).Постојат повеќе верзии од Visual Studio како што се Community, Professional и Enterprise, но доволно е да имате Community верзија. При инсталација на развојната околина, потребно е да се избере ASP.NET and web development за да се инсталираат сите потребни dependencies за развој на веб апликации.
-- Следен чекор е поврзување со тунел скрипта која ќе оствари конекција со базата на податоци.
-- Доколку сите чекори се поминати успешно, тогаш апликацијата може да се стартува со помош на CTL + F5 или со кликање на десен клик на solution-от (ocrent) кој што се наоѓа од десна страна (по default) во solution explorer-от потоа View -> View in Browser.
-- -- Ако стартувањето помина успешно, време е да ја пристапете апликација на вашиот веб прелистувач со порта https://localhost:7254/, https://localhost:7254/home или https://localhost:7254/home/index , каде што треба да ви излезе почетната страна на апликацијата.