| 1 | == 3.1 Market Demographics == |
| 2 | |
| 3 | Остварувањето на проектот ќе придонесе за поголема целна група на корисници, од различен тип. Потенцијални корисници на системот може да бидат сите засегнати страни. А, тоа се: крајните купувачи, самите хотели, односно вработените во хотелите, вработените во ИТ компанијата, целото здружение на хотелиери, како и министерство за туризам и полиција. |
| 4 | [[br]] |
| 5 | Тоа значи дека корисник на системот може да биде секој што ќе посака да резервира хотелска соба. Сите се потенцијални корисници и нема ограничување во однос на: годините и возраста (секој кој е способен сам да резервира и изврши уплата самостојно), без разлика на расата или религијата, пол, големина на фамилија, како и чувство на припадност (националност) или степен на едукација. |
| 6 | [[br]] |
| 7 | Поради неограничувањето на крајните корисници, бројот на потенцијални корисници постојано би растел. |
| 8 | [[br]] |
| 9 | Индустриски трендови и технологии кои што се потребни за успешно користење на продуктот, се технологиите кои денес ги поседува секој од нас: персонален компјутер, таблет, паметен телефон. Така што продуктот е лесно пристаплив за секого во модерната доба. |
| 10 | [[br]] |
| 11 | Продуктот придонесува за побрзо остварување на целта на корисниците – резервација и уплата, но и за целта на засегнатите страни – поголема прегледност, увид, брзина, сигурност, конзистентност и поголема реклама. |
| 12 | Репутацијата на продуктот е во светски рамки бидејќи опфаќа институции (хотели) од целиот свет. |
| 13 | [[br]] |