wiki:MarketDemographics

3.1 Market Demographics

Остварувањето на проектот ќе придонесе за поголема целна група на корисници, од различен тип. Потенцијални корисници на системот може да бидат сите засегнати страни. А, тоа се: крајните купувачи, самите хотели, односно вработените во хотелите, вработените во ИТ компанијата, целото здружение на хотелиери, како и министерство за туризам и полиција.
Тоа значи дека корисник на системот може да биде секој што ќе посака да резервира хотелска соба. Сите се потенцијални корисници и нема ограничување во однос на: годините и возраста (секој кој е способен сам да резервира и изврши уплата самостојно), без разлика на расата или религијата, пол, големина на фамилија, како и чувство на припадност (националност) или степен на едукација.
Поради неограничувањето на крајните корисници, бројот на потенцијални корисници постојано би растел.
Индустриски трендови и технологии кои што се потребни за успешно користење на продуктот, се технологиите кои денес ги поседува секој од нас: персонален компјутер, таблет, паметен телефон. Така што продуктот е лесно пристаплив за секого во модерната доба.
Продуктот придонесува за побрзо остварување на целта на корисниците – резервација и уплата, но и за целта на засегнатите страни – поголема прегледност, увид, брзина, сигурност, конзистентност и поголема реклама. Репутацијата на продуктот е во светски рамки бидејќи опфаќа институции (хотели) од целиот свет.

Last modified 9 years ago Last modified on 11/13/15 13:48:59
Note: See TracWiki for help on using the wiki.