Version 1 (modified by 8 years ago) ( diff ) | ,
---|
За нашиот систем најсоодветна архитектура би била Client-server архитектурата, затоа што системот треба да му овозможи на корисникот да направи резервација, да ја отвори својата резервација, да пребарува од било каде, и без временски ограничувања. Предложуваме за нашиот систем да има само веб апликација и истата да се изработи во JAVA Spring MVC платформата.
Дополнителни продуктни барања
Системски барања
Системот не треба да има ограничувања на истовремениот број на корисници. Бидејќи целиот процес на нарачки оди онлајн, интерфејсот до ваквиот с-м мора да поддржува large traffic volumes. Минималната Интернет конекција за да работи апликацијата 1 Mbit/s.
Барања за перформанси
Потребно е апликацијата да враќа резултати до корисниците за помалку од 3 секунди. Исто така времето на освежување на апликацијата доколку серверот падне не треба да биде подолго од 15 минути.
Барања од околината
При потреба од некаква помош корисниците да имаат можност за отворање на постоечко упатство во кое е објаснето како и на кој начин се користи системот, детално упатство на чекорите за нарачка, најчесто поставувани прашања.
Организација на архитектурата на системот во нивоа:
Презентациско ниво (гранични класи)
Тука би спаѓале формите за: пребарување на хотел, резервација на соба, резервација на соба за група клиенти, промена на резервација, oценување, ажурирање на престој, додавање понуди, регистрација на хотел.
Апликациско ниво (контролни класи)
Во ова ниво спаѓаат класите за: додавање понуди, пребарѕвање на хотел, оценување, ажурирање на престој, регистрација на хотел, резервација на соба, техничка поддршка.
Податочно ниво (датабаза/ ентитети)
Ова ниво би содржело релациони табели со податоци за хотелите, вработените, корисниците, собите, валидаторот на хотелот, резервацијата на корисникот, оценките за хотелите.