Version 2 (modified by 8 years ago) ( diff ) | ,
---|
За нашиот систем најсоодветна архитектура би била layered (слоевита) архитектурата.Во првиот слој би била базата за која би користеле blackboard архитектура,па потоа функционалностите (резервирање/откажување соба и сл.) и во наредниот слој презентирање на податоците односно view-то. Дополнително може да користиме клиент сервер за преглед на тоа кои соби се достапни од страна на рецепционерот односно тој праќа барање на сервер за да види кои соби се слободни и добива повратен одговор или да се користи public & subscribe како рецепционерот да е претплатен и со секое менување на собите од резенвирани или слободни тој да добива информација (немора да иницира комуникација т.е. немора да праќа барање до серверот.Наш предлог е системот да има само веб апликација и истата да се изработи во JAVA Spring MVC платформата.
Дополнителни продуктни барања
Системски барања
Системот не треба да има ограничувања на истовремениот број на корисници. Бидејќи целиот процес на нарачки оди онлајн, интерфејсот до ваквиот с-м мора да поддржува large traffic volumes. Минималната Интернет конекција за да работи апликацијата 1 Mbit/s.
Барања за перформанси
Потребно е апликацијата да враќа резултати до корисниците за помалку од 3 секунди. Исто така времето на освежување на апликацијата доколку серверот падне не треба да биде подолго од 15 минути.
Барања од околината
При потреба од некаква помош корисниците да имаат можност за отворање на постоечко упатство во кое е објаснето како и на кој начин се користи системот, детално упатство на чекорите за нарачка, најчесто поставувани прашања.
Организација на архитектурата на системот во нивоа:
Презентациско ниво (гранични класи)
Тука би спаѓале формите за: пребарување на хотел, резервација на соба, резервација на соба за група клиенти, промена на резервација, oценување, ажурирање на престој, додавање понуди, регистрација на хотел.
Апликациско ниво (контролни класи)
Во ова ниво спаѓаат класите за: додавање понуди, пребарѕвање на хотел, оценување, ажурирање на престој, регистрација на хотел, резервација на соба, техничка поддршка.
Податочно ниво (датабаза/ ентитети)
Ова ниво би содржело релациони табели со податоци за хотелите, вработените, корисниците, собите, валидаторот на хотелот, резервацијата на корисникот, оценките за хотелите.