wiki:Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања

Проект: Онлајн продавница

  • Предмет: Бази на податоци 2024/2025
  • Членови: Сања Петрушевска 183175
  • Ментор: Проф. д-р Вангел Ајановски

ЕР Дијаграм

Податочни побарувања

Ентитети

1. Табела : Производи

  • Ентитет : Производи
  • Атрибути : ID_Производ, Име_Производ, Боја, Цена, Опис.
  • Примарен клуч : ID_Производ

2. Табела : Категории

  • Ентитет : Категории
  • Атрибути : ID_Категорија, Категорија.
  • Примарен клуч : ID_Категорија

3. Табела : Залиха

  • Ентитет : Залиха
  • Атрибути : ID_Залиха, Големина, Количина.
  • Примарен клуч : ID_Залиха

4. Табела : Нарачки

  • Ентитет : Нарачки
  • Атрибути : ID_Нарачки, Метод _Плаќање, Статус, Цена_Достава, Вкупна_Цена, Код_Сметка, Датум.
  • Примарен клуч : ID_Нарачки

5. Табела : Корисник

  • Ентитет : Корисник
  • Атрибути : ID_Корисник, Емаил, Име, Презиме, Телефон, Адреса_Испорака, Лозинка.
  • Примарен клуч : ID_Корисник

6. Табела : Испорака

  • Ентитет : Испорака
  • Атрибути : ID_Испорака, Адреса_Испорака, Статус.
  • Примарен клуч : ID_Испорака

7. Табела : Содржи

  • Ентитет : Содржи
  • Атрибути : Големина, Количина, Цена.
  • Примарен клуч : \

Релации

1. Релација : Нарачува (Нарачки ↔ Корисник)

  • Тип на релација : многу-кон-едно N:1
  • Поврзаност : Секоја нарачка е поврзана со еден единствен корисник,од друга страна еден корисник може да направи повеќе нарачки.
  • Објаснување : Tабелата Нарачки има атрибути каде секоја нарачка е поврзана со конкретен корисник, а секој корисник има свој уникатен ID. Еден корисник може да има повеќе нарачки, додека секоја нарачка е направена од единствен корисник. Пример : Корисник А има направено 3 нарачки притоа секоја нарачка има различен ID (D_Нарачки = 101,D_Нарачки = 102...).На кратко, многу нарачки (101, 102, 103) можат да бидат поврзани со еден единствен корисник (ID_Корисник = 1).

2. Релација : Праќа (Нарачки ↔ Испорака)

  • Тип на релација : 1:1 ↔ едно-кон-едно
  • Поврзаност : Една испорака може да има една нарачка.
  • Објаснување :Една испорака може да има една нарачка,поради тоа што за секоја нарачка засебно се плаќа достава. Иако во еден ден може да се достават 3 нарачки но за сите 3 засебно треба да се плати достава, поради тоа што се различни нарачки. Што би значело дека ако одделно се направени 3 нарачки до иста адреса, ке си плати посебно Цена_Достава за секоја нарачка.

3. Релација : Содржи (Нарачки ↔ Залиха)

  • Тип на релација : едно-кон-многу 1:N
  • Поврзаност : Една нарачка може да содржи повеќе производи и еден производ може да се појавува во повеќе различни нарачки.
  • Објаснување : Една нарачка може да содржи повеќе различни производи и затоа релацијата меѓу Нарачки и Залиха е едно-кон-многу (1:N) бидејќи една нарачка може да има повеќе различни производи.Од друга страна, еден производ може да биде присутен во повеќе нарачки.

Оваа релација си има свои атрибути за Големина,Количина и Цена, па поради тоа препретставува посебна табела. Освен тие три атрибути, таа има атрибути како надворешни клучеви ID_Нарачка (надворешен клуч од табелата Нарачки) и ID_Залиха (надворешен клуч од табелата Залиха).

4. Релација : Чува (Залиха ↔ Производи)

  • Тип на релација : N:1 многу-кон-едно
  • Поврзаност : Еден ПРОИЗВОД може да го има во различни големини и различни количини.
  • Објаснување : Табелата „Залиха“ има ID_Производ како надворешен клуч кој се поврзува со ID_Производ во табела „Производи“. На овој начин се следи количина на секој производ во различни големини.
    Пример : Големина XS: Количина 10,Големина M: Количина 15,Големина XL: Количина 5.

5. Релација : Припаѓа (Производи ↔ Категории)

  • Тип на релација : многу-кон-едно N:1
  • Поврзаност : Еден ПРОИЗВОД припаѓа само на една категорија, додека една КАТЕГОРИЈА може да има повеќе производи.
  • Објаснување : Табела „Производи“ има Категорија како надворешен клуч кој го поврзува со ID_Категорија во табелата „Категории“. Ова значи дека еден производ припаѓа на една категорија,од друга страна една категорија може да има повеќе производи.

Last modified 10 months ago Last modified on 12/21/24 23:58:27

Attachments (6)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.