wiki:Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања

Version 60 (modified by 183175, 3 days ago) ( diff )

--

Проект: Онлајн продавница

  • Предмет: Бази на податоци 2024/2025
  • Членови: Сања Петрушевска 183175
  • Ментор: Проф. д-р Вангел Ајановски

ЕР Дијаграм

Детали за дијаграмот

1. Табела : Производи

  • Ентитет : Производи
  • Атрибути : ID_Производ, Категорија, Име_Производ, Боја, Цена, Опис.
  • Примарен клуч : ID_Производ

2. Табела : Категории

  • Ентитет : Категории
  • Атрибути : ID_Категорија, Име_Категорија.
  • Примарен клуч : ID_Категорија

3. Табела : Залиха

  • Ентитет : Залиха
  • Атрибути : ID_Залиха, ID_Производ, Големина, Количина.
  • Примарен клуч : ID_Залиха

4. Табела : Нарачки

  • Ентитет : Нарачки
  • Атрибути : ID_Нарачки, ID_Корисник, Метод _Плаќање, Статус, Цена, Цена_Достава, Вкупна_Цена, Код_Сметка, Датум.
  • Примарен клуч : ID_Нарачки

5. Табела : Нарачки_Производи

  • Ентитет : Нарачки_Производи
  • Атрибути : ID_Нарачка, ID_Производи, ID_Залиха, Количина, Големина.

6. Табела : Корисник

  • Ентитет : Корисник
  • Атрибути : ID_Корисник, Емаил, Име, Презиме, Телефон, Адреса_Испорака, Лозинка.
  • Примарен клуч : ID_Корисник

7. Табела : Испорака

  • Ентитет : Испорака
  • Атрибути : ID_Испорака, ID_Нарачка, Адреса_Испорака, Статус.
  • Примарен клуч : ID_Испорака

Релации

1. Релација : Припаѓа (Производи ↔ Категории)

  • Тип на релација : многу-кон-едно М:1
  • Поврзаност : Еден ПРОИЗВОД припаѓа само на една категорија, додека една КАТЕГОРИЈА може да има повеќе производи.
  • Објаснување : Табела „Производи“ има Категорија како надворешен клуч кој го поврзува со ID_Категорија во табелата „Категории“. Ова значи дека еден производ припаѓа на една категорија,од друга страна една категорија може да има повеќе производи.

2. Релација : Чува (Производи ↔ Залиха)

  • Тип на релација : едно-кон-многу 1:M
  • Поврзаност : Еден ПРОИЗВОД може да го има во различни големини и различни количини.
  • Објаснување : Табелата „Залиха“ има ID_Производ како надворешен клуч кој се поврзува со ID_Производ во табела „Производи“. На овој начин се следи количина на секој производ во различни големини.
    Пример : Големина XS: Количина 10,Големина M: Количина 15,Големина XL: Количина 5.

3. Релација : Нарачува (Нарачки ↔ Корисник)

  • Тип на релација : многу-кон-едно М:1
  • Поврзаност : Секоја нарачка е поврзана со еден единствен корисник,од друга страна еден корисник може да направи повеќе нарачки.
  • Објаснување : Tабелата Нарачки има атрибути каде секоја нарачка е поврзана со конкретен корисник, а секој корисник има свој уникатен ID. Еден корисник може да има повеќе нарачки, додека секоја нарачка е направена од единствен корисник. Пример : Корисник А има направено 3 нарачки притоа секоја нарачка има различен ID (D_Нарачки = 101,D_Нарачки = 102...).На кратко, многу нарачки (101, 102, 103) можат да бидат поврзани со еден единствен корисник (ID_Корисник = 1).

4. Релација : Содржи (Нарачки ↔ Нарачки_Производи ↔ Производи)

  • Тип на релација : едно-кон-многу 1:M ↔ многу-кон-едно М:1
  • Поврзаност : Една нарачка може да содржи повеќе производи и еден производ може да се појавува во повеќе различни нарачки.
  • Објаснување : Една нарачка може да содржи повеќе различни производи и затоа релацијата меѓу Нарачки и Нарачки_Производи е едно-кон-многу (1:М) бидејќи една нарачка може да има повеќе различни производи.Од друга страна, еден производ може да биде присутен во повеќе нарачки. Атрибутот ID_Залиха во НАРАЧКИ_ПРОИЗВОДИ има за цел да поврзува со конкретна ID_Залиха каде директно се ажурира залиха без дополнително филтрирање по големина.

5. Релација : Праќа (Нарачки ↔ Испорака)

  • Тип на релација : 1:1 ↔ едно-кон едно
  • Поврзаност : Една испорака може да има една нарачка.
  • Објаснување :Една испорака може да има една нарачка,поради тоа што за секоја нарачка засебно се плаќа достава.

Иако во еден ден може да се достават 3 нарачки но за сите 3 засебно треба да се плати достава, поради тоа што се различни нарачки. Што би значело дека ако одделно се направени 3 нарачки до иста адреса, ке си плати посебно Цена_Достава за секоја нарачка.

Attachments (3)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.