wiki:About

Paw5

Членови на тимот

  • Екатерина Саздова 201063 (координатор)
  • Мила Трајчева 201088
  • Филип Чорбески 201235

Краток опис на проектот

Paw5 е платформа која овозможува посвојување на милиничиња на кои им е потребен дом. Корисниците кои сакаат да посвојат или привремено да чуваат милениче можат да разгледуваат огласи и да филтрираат низ истите со цел да го најдат вистинското милениче за нив и нивниот стил на живот. Освен основни податоци како возраст и пол на животното, достапни се и подетални информации за нивната физичка активност , потребен простор, дали може да живее во дом со мали деца и други животни, потребна ветеринарна грижа и исхрана и слично. Целта на ова е да помогне да се направи вистински избор при посвојување, за и сопственикот и миленичето да бидат среќни. Покрај можноста за посвојување, корисниците ќе можат и да објават оглас за нивни миленици за кои не можат да се грижат или кои што ги нашле на улица. Корисниците ќе можат да направат и донации кон организациите, за да им помогнат да се грижат за животните. Апликацијата е наменета да ја употребуваат и вработените во прифатилиштата и организациите за заштита на животните, кои се грижат за логистиката при посвојување на нивните миленици. Поголемата цел која Paw5 сака да ја постигне е намалување на бројот на улични животни преку нудење на поефикасен начин на огласување и посвојување миленици.

Детален опис на проектот

За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Апликацијата и базата ќе ја поседува нашиот тим и ќе ја обезбедува како сервис да ја користат организациите за заштита на животни, прифатилишта и граѓаните. Намената на проектот е да се направи платформа каде корисниците лесно ќе можат да го пронајдат своето совршено милениче и да го вдомат. Со тоа што платформата ќе нуди вмрежување на луѓето и миленичињата кои навистина имаат потреба од свој дом, ќе ја олесниме работата на стационарите и здруженијата кои се занимаваат со зачувување на благосостојбата на животните. Оваа платформа е наменета за сите оние кои сакаат да вдомат, да пронајдат дом за некое милениче или пак имаат потреба од привремено згрижување на миленичето додека не биде во состојба да се вдоми.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Свесни сме дека изминативе години се соочуваме со се поголем број на улични животни како резултат на нивно неконтролирано размножување и напуштање од страна на нивните сопственици. Поради тоа, стационарите и здруженијата задолжени за благосостојба на животните, напорно работат кон тоа да се најде решение на овој проблем. Paw 5 ќе има за цел да го олесни тој процес со тоа што ќе го направи вдомувањето лесно и интересно.

Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Апликацијата има 4 видови на корисници:

  • Граѓанин кој сака да посвои или привремено чува милениче
  • Граѓанин кој сака да даде милениче на посвојување (милениче кое веќе го чувал или некое кое го нашол на улица)
  • Вработен во организација кој раководи со огласите
  • Донатор кој прави донации на парични или други средства за организациите
  • Админ кој менаџира со базата и апликацијата

Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

Во Македонија нема друг ваков проект, најблиско нешто е употребата на социјални мрежи и групи за огласување на миленици. Овој начин не е многу ефикасен бидејќи нема добри можности за пребарување, огласите често не содржат многу информации и не постои начин да се валидираат како вистинити. Paw5 прикажува огласи кои се подетални и дава можност истите да се валидираат од страна на вработени во прифатилишта или волонтери задолжени за организација на процесот на посвојување. Во светски рамки постојат некои решенија како на пример https://www.adoptapet.com но тие не нудат филтрирање на миленици според многу голем број критериуми и не нудат помош при наоѓање милениче кое би било најсоодветно за човекот. Paw5 овозможува филтрирање на миленици не само според пол, возраст, раса и сл., туку и според подетални карактеристики. Корисникот може да направи вистински избор гледајќи информации за потребната грижа за миленичето, дали е соодветно да живее во куќа со деца или други животни, дали му е потребно да живее во голема куќа со двор или може да живее во мал стан, каква храна и лекови му се потребни на миленикот итн…

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Paw5 е веб апликација која може да се пристапи од различни уреди преку веб прелистувач.


Назад кон почетна

Last modified 14 months ago Last modified on 03/10/23 14:40:08
Note: See TracWiki for help on using the wiki.