Регистрација на корисник
Актери
- Вработен во прифатилиште ИЛИ Посвојувач ИЛИ Огласувач на милениче ИЛИ Донор
- Администратор
Чекори
- На корисникот му се прикажува почетната страна на веб-сајтот на која има опција да се регистрира или најави.
- Корисникот избира опција да се регистрира.
- Се појавува форма која е составена од повеќе делови. На почетокот корисникот треба да пополни општи податоци кои се потребни за секој тип на корисник: name_user, email_user, password_user, telephone_user. Поради природата на системот, корисникот да може да има повеќе улоги, па затоа во останатиот дел од формата тој може да селектира каква улога сака да земе и соодветно да ги пополни дополнителните информации кои се потребни за таквиот тип на корисник.
Донор - дали е претставник на организација, име на организација (доколку донацијата се прави преку вработен во некоја организација)
Вработен во прифатилиште - позиција, прифатилиште во кое работи *За да може корисникот да се најави како вработен, треба да биде верифициран од страна на админ.
Посвојувач - слободно време, финансиска можност, дали има други миленичиња, дали има деца, , физичка активност
*За да може корисникот да посвои милениче тој мора да биде верифициран од страна на вработен во прифатилиште. Во меѓувреме, тој може да ги разгледува миленичињата но не може да посвои.
Огласувач на милениче - нема дополнителни информации кои се потребни за него, па затоа само се селектира дека сака да земе таква улога
- По успешната регистрација, корисникот се испраќа да се најави на системот.
- На корисникот му се прикажува форма во која треба да го внесе својот мејл и својот пасворд.
- По успешното најавување, корисникот се враќа на почетната страна, но е најавен на системот.