wiki:WikiStart

Version 15 (modified by 201063, 19 months ago) ( diff )

--

Paw5

Краток опис на проектот

Paw5 е платформа која овозможува посвојување на милиничиња на кои им е потребен дом. Корисниците кои сакаат да посвојат или привремено да чуваат милениче можат да разгледуваат огласи и да филтрираат низ истите со цел да го најдат вистинското милениче за нив и нивниот стил на живот. Освен основни податоци како возраст и пол на животното, достапни се и подетални информации за нивната физичка активност , потребен простор, дали може да живее во дом со мали деца и други животни, потребна ветеринарна грижа и исхрана и слично. Целта на ова е да помогне да се направи вистински избор при посвојување, за и сопственикот и миленичето да бидат среќни. Покрај можноста за посвојување, корисниците ќе можат и да објават оглас за нивни миленици за кои не можат да се грижат или кои што ги нашле на улица. Корисниците ќе можат да направат и донации кон организациите, за да им помогнат да се грижат за животните. Апликацијата е наменета да ја употребуваат и вработените во прифатилиштата и организациите за заштита на животните, кои се грижат за логистиката при посвојување на нивните миленици. Поголемата цел која Paw5 сака да ја постигне е намалување на бројот на улични животни преку нудење на поефикасен начин на огласување и посвојување миленици.

Членови на тимот

  • Екатерина Саздова 201063 (координатор)
  • Мила Трајчева 201088
  • Филип Чорбески 201235

Предмет

Бази на податоци во 2022/2023/Зимски

Ментори

вонр. проф. д-р Вангел Ајановски, асистент м-р Ненад Анчев и демонстратор Ана Младеновска

Содржина

Фаза Име на фаза Статус
Ф0 Дефинирање на проектот завршено
Ф1 Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања во изработка
Ф2 Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) не е почнато
Ф3 Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи не е почнато
Ф4 Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) не е почнато
Ф5 Прототип апликација - Основни функционалности не е почнато
Ф6 Нормализација и подобрувања на дизајнот не е почнато
Ф7 Напреден апликативен развој не е почнато

Статус: не е почнато, во изработка, завршено, одобрено, во ревизија, финално

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.