wiki:Дефинирање на проектот

PCPicco

Членови на тимот

  • Симон Мирчевски 181207
  • Христијан Петковски 181200
  • Марија Стризлоска 183139
  • Филип Стефановски 186102

Краток опис на проектот:

Целта на нашиот проект е да овозможиме начин на кој што корисникот ќе се поврзе со опциите на компјутерски компоненти кои што ги нудат најпопуларните хардверски продавници во државата. Веб апликацијата нуди уникатен поглед од страна на цените, како и достапноста на целните компоненти(CPU, GPU, матична плоча и.т.н) на еден компјутерски систем. Веб апликацијата не само што му помага на корисникот да ги види најповолните цени на посакуваните продукти, туку и нуди систем за купување на продуктите и овозможува разгледување на историјатот на цените на истите продукти. Една од функциите на веб аплијацијата му дава достапност на корисникот до популарни примери на компјутерски конфигурации, или му нуди опција да си направи своја персонализирана конфигурација. Сите разгледани компоненти кои што корисникот би сакал да ги купи, може да ги зачува во листата за посакувани компоненти и да има пристапност до листата во било кој момент.

Детален опис на проектот:

Главно веб апликацијата е наменета за сите корисници на интернетот, кои сакаат поедноставно и поробусно, побрзо пребарување и купување на хардверски компоненти за својот компјутер. Истата ги спојува најголемите хардверски продавници во државата и служи како агрегатор за нивните продукти. Веб апликацијата несамо што представува мост помеѓу разните хардверски продавници туку има и систем за купување и достава на посакуваните продукти.

За кого е наменет проектот?

Проектот е наменет за било која компанија која што сака да навлезе на компјутерскиот пазар во македонија. Со оглед на веќе установените компании во македонија, многу е тешко некоја нова компанија да се пробие на овој пазар. Нашиот проект овозможува некоја компанија лесно и ефикасно да навлезе на пазарот без потреба од вложување на многу капитал.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Со оглед на моменталната ситуација на недостаток на компјутерски компоненти низ хардверските продавници во Македонија, сакаме со веб апликацијата да ја олесниме работата на корисниците кои сакаат да најдат полесен начин и пристап кон информации поврзани со посакуваниот компонент за својот компјутер и истовремено да ја најдат најдобрата понуда за истиот.

Какви видови корисници ќе има апликацијатa?

Веб апликацијата како што спомнавме погоре ќе биде јавна кон сите интернет корисници и сите тие ќе имаат пристап до податоците во неа, ќе има тип на корисник администратор кој ќе може да прави промени во самата веб апликација, тип на корисник администратор продавач кој ги аѓурира и менаџира продуктите на веб апликацијата и тип на корисник клиент кој ќе можe да прави свои сопствени компјутерски конфигурации, да гледа информации во врска со продуктите и да ги зачува и набави истите.

Дали постојат слични проекти?

Од наше знаење не постои ваков тип на апликација која прикажува состојба на продукти во продавници низ Македонија и непостои систем за спојување на истите.

Каков тип на апликација?

Се работи за веб апликација на која можеш да пристапиш и преку персонален компјутер и преку мобилен телефон.

Last modified 3 years ago Last modified on 03/24/22 00:36:15
Note: See TracWiki for help on using the wiki.