wiki:WikiStart

PAINT OF HEART

Систем за промоција и резервација на културни настани во Македонија

Започнат: ноември 2022

Предмет: Бази на податоци 2022/2023/Зимски

Под менторство на: вонр. проф. д-р Вангел Ајановски и демонстр. Ана Младеновска

Краток опис на проектот:

Веб апликација која овозможува приказ на сите настани од областа на уметноста, кои се случуваат во театрите, галериите и музеите во Македонија, со промоција на уметниците и актерите кои се дел од истите. Целта на апликацијата е да се поттикне интересот на публиката од различни возрасни групи, без разлика на нивното место на живеење. Апликацијата нуди флексибилност со времето и независност од локацијата, бидејќи претставува брз и поедноставен начин на резервирање карти во однос на класичното/физичко купување на карти.

Апликацијата има четири модули на корисници, првиот модул е администратор кој управува со апликацијата, вториот модул се купувачите кои се заинтересирани во настаните и резервирањето на билети, односно публиката, третиот модул претставуваат независните уметници на кои им се нуди помош за промовирање на своите дела и четвртиот модул се организаторите на изложбите во галериите и музеите и драмите во театрите.

При пристап на апликацијата корисникот може слободно да ги разгледува сите понудени настани, а доколку е нов корисник и е заинтересиран за резервирање на билети, тогаш е потребна негова регистрација на системот, инаку потребна е само најава за веќе постоечките корисници. Покрај тоа, корисникот има можност да ги оцени настаните на кои присуствувал и да ги посети профилите на сите артисти кои се дел од претставите или изложбите каде се содржани нивните претходни дела и кратка биографија, а исто така и да добие лојална картичка со која добива попусти на идни настани.

Членови на тимот:

Име и презиме Индекс
Виктор Николиќ - координатор 191285
Анастасија Цветковска 181006

Фази и координација:

Фаза Име на фаза Статус
Ф0 Дефинирање на проектотОдобрено
Ф1 Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувањаОдобрено
Ф2 Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL)Одобрено
Ф3 Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL ПогледиОдобрено
Ф4 Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури)Одобрено
Ф5 Прототип апликација - Основни функционалностиОдобрено
Ф6 Нормализација и подобрувања на дизајнотНе е започнато
Ф7 Напреден апликативен развој Не е започнато
Last modified 17 months ago Last modified on 03/01/23 20:09:20

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.