Version 16 (modified by 2 years ago) ( diff ) | ,
---|
PAINT OF HEART
'Систем за промоција и резервација на културни настани во Македонија'
Започнат: ноември 2022
Предмет: Бази на податоци 2022/2023/Зимски
Под менторство на: вонр. проф. д-р Вангел Ајановски и демонстр. м-р Ненад Анчев
Краток опис на проектот:
Веб апликација која овозможува приказ на сите настани од областа на уметноста, кои се случуваат во театрите, галериите и изложбите во Македонија, со промоција на уметниците и актерите кои се дел од истите. Целта на апликацијата е да се поттикне интересот на публиката од различни возрасни групи, без разлика на нивно место на живеење. Апликацијата нуди флексибилност со времето и независност од локацијата, бидејќи претставува брз и поедноставен начин на резервирање карти во однос на класичното/физичко купување на карти.
Апликацијата има два модули на корисници, првиот модул се администраторита од установите кои што ги нудат билетите и вотриот модул се самите корисници кои ги купуваат тие билети, односно публиката.
При пристап на апликацијата корисникот може слободно да ги разгледува сите понудени настани, а доколку е заинтересиран за резервирање на билети, тогаш е потребна негова регистрација на системот, доколку е нов корисник, инаку најава за веќе постоечките корисници. При регистрацијата корисникот покрај внесување на својата e-mail адреса избира уникатно корисничко име, според кое ќе се води во базата на податоци и понатаму може да се најавува со него.
- За секој настан се чува: ID, име, град, телефонски број, датум, цена
- За секој корисник се чува: ID, име, презиме, e-mail адреса, корсничко име, трансакциска сметка, телефонски број
- За секоја кошничка за купување се чува: ID, корисник, настан, билет, износ
- За секој билет се чува: ID, цена, настан, датум, локација, установа
Секој артист има свој профил со изложби кои ги имал, како и негови податоци, биографија. После посетен настан коирсникот ќе има можност да го оцени настанот, како и уметникот. На редовните купувачи, системот ќе овозможува попусти, со добивање на лојална картичка по одреден број на купени билети.