wiki:About

Version 52 (modified by 191285, 19 months ago) ( diff )

--

PAINT OF HEART

Членови на тимот:

*Анастасија Цветковска 181006 *Виктор Николиќ 191285

Краток опис на проектот:

Веб апликација која овозможува приказ на сите настани од областа на уметноста, кои се случуваат во театрите, галериите и изложбите во Македонија, со промоција на уметниците и актерите кои се дел од истите. Целта на апликацијата е да се поттикне интересот на публиката од различни возрасни групи, без разлика на нивно место на живеење. Апликацијата нуди флексибилност со времето и независност од локацијата, бидејќи претставува брз и поедноставен начин на резервирање карти во однос на класичното/физичко купување на карти.

Апликацијата има два модули на корисници, првиот модул се администраторита од установите кои што ги нудат билетите и вотриот модул се самите корисници кои ги купуваат тие билети, односно публиката.

При пристап на апликацијата корисникот може слободно да ги разгледува сите понудени настани, а доколку е заинтересиран за резервирање на билети, тогаш е потребна негова регистрација на системот, доколку е нов корисник, инаку најава за веќе постоечките корисници. При регистрацијата корисникот покрај внесување на својата e-mail адреса избира уникатно корисничко име, според кое ќе се води во базата на податоци и понатаму може да се најавува со него.

  • За секој настан се чува: ID, име, град, телефонски број, датум, цена
  • За секој корисник се чува: ID, име, презиме, e-mail адреса, корсничко име, трансакциска сметка, телефонски број
  • За секоја кошничка за купување се чува: ID, корисник, настан, билет, износ
  • За секој билет се чува: ID, цена, настан, датум, локација, установа

Секој артист има свој профил со изложби кои ги имал, како и негови податоци, биографија. После посетен настан коирсникот ќе има можност да го оцени настанот, како и уметникот. На редовните купувачи, системот ќе овозможува попусти, со добивање на лојална картичка по одреден број на купени билети.

Детален опис на проектот:

Детален опис на проектот: Во повеќе детали опишете го тоа што накратко го опишавте погоре Во деталниот опис треба да дадете одговори на следните прашања • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби Проектот е наменет за сите заинтересирани во тековните случувања од областа на уметноста, со цел да учествуваат и бидат дел од ваквите културни настани на територија на цела Македонија. Исто така, со проектот ќе им биде овозможено на сите независни и млади уметници да имаат шанса да го покажат својот талент и промовираат личните креации. Со базата на податоци ќе управува администраторот, како поединец, кој би имал за задача да го управува системот со што ги има привилегиите за сите CRUD операции поврзани со објавување, филтрирање и резервација на настани, како и креирање на профили на сите македонски артисти, нивните достигнувања и тековни ангажмани. Апликацијата како сервис ќе биде поседувана од самиот креатор на оваа идеја.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Со апликацијата се таргетираат проблемите поврзани со информирање за сите актуелните претстави и изложби во галериите и музеите, како и проблемот со губење на време и потребата од физичко резервирање на билети. Идејата е користење на централизиран пристап на апликацијата која ќе нуди информации за сите настани на едно место. Со ваквиот пристап се добива временска флексибилност и независност од локацијата, затоа што купувачот би можел да резервира билети кога и каде сака.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Апликацијата ќе ги има следните типови на корисници: администратор, купувач, независен уметник и организатор. Секој корисник при своето регистрирање одбира модул на корисник, односно доколку сака да резервира билет би одбрал да е купувач, доколку сака да промовира своја креација би одбрал независен уметник, со што страницата би го поврзала со даден организатор и доколку корисникот има организиран настан би одбрал опција организатор со цел да може да го пријави својот настан, кој понатаму би бил одобрен од страна на администраторот и би бил промовиран на веб страницата со што купувачите можат да резервираат билет за него.

  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект

Вообичаено вакви слични проекти се изработуваат каде се таргетирани воглавно филмовите, односно кино проекциите, додека пак, PAINT OF HEART е фокусиран на изведбата на културните настани во сите градови во Македонија.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб апликација.

Вообичаено вакви слични проекти се изработуваат каде се таргетирани воглавно филмовите, односно кино проекциите, додека пак, Paint of Heart е фокусиран на промовирање на изведбите на културните настани во сите градови во Македонија. Бидејќи целта е поедноставен начин на резервирање и купување на карти, корисникот добива електронска карта која содржи QR код со кој брзо и без чекање на ред може да пристапи на настанот.

Апликацијата ќе ги има следните типови на корисници: администратор, купувач, независен уметник и организатор. Секој корисник при своето регистрирање одбира модул на корисник по што му се прикажува посебна форма според направениот избор. Доколку корисникот одбере да е купувач, тој има можност да разгледува настани и резервира билети за истите. Корисникот кој сака да промовира своја креација би одбрал дека е независен уметник, со што страницата би го поврзала со даден организатор кој би му помогнал да го реализира своето дело. Корисникот кој има организиран настан би одбрал опција организатор со цел да може да го пријави својот настан, кој понатаму би бил одобрен од страна на администраторот и би бил промовиран на веб страницата со што купувачите можат да резервираат билет за него.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.