Version 63 (modified by 2 years ago) ( diff ) | ,
---|
PAINT OF HEART
Членови на тимот:
- Анастасија Цветковска 181006
- Виктор Николиќ 191285
Краток опис на проектот:
Веб апликација која овозможува приказ на сите настани од областа на уметноста, кои се случуваат во театрите, галериите и изложбите во Македонија, со промоција на уметниците и актерите кои се дел од истите. Целта на апликацијата е да се поттикне интересот на публиката од различни возрасни групи, без разлика на нивно место на живеење. Апликацијата нуди флексибилност со времето и независност од локацијата, бидејќи претставува брз и поедноставен начин на резервирање карти во однос на класичното/физичко купување на карти.
Апликацијата има четири модули на корисници, првиот модул е администратор кој управува со апликацијата, вториот модул се купувачите кои се заинтересирани во настаните и резервирањето на билети, односно публиката, третиот модул претставуваат независните уметници на кои им се нуди помош за промовирање на своите дела и четвртиот модул се организаторите на изложбите во галериите и музеите и драмите во театрите.
При пристап на апликацијата корисникот може слободно да ги разгледува сите понудени настани, а доколку е нов корисник и е заинтересиран за резервирање на билети, тогаш е потребна негова регистрација на системот, инаку потребна е само најава за веќе постоечките корисници. Покрај тоа, корисникот има можност да ги оцени настаните на кои присуствувал и да ги посети профилите на сите артисти кои се дел од претставите или изложбите каде се содржани нивните претходни дела и кратка биографија, а исто така и да добие лојална картичка со која добива попусти на идни настани.
Детален опис на проектот:
Запознавање со најактуелните културни настани во државата и резервирање на билети за истите, кога и каде било, со цел промовирање на уметноста и нејзините артисти.
- За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
Проектот е наменет за сите заинтересирани во тековните случувања од областа на уметноста, со цел да учествуваат и бидат дел од ваквите културни настани на територија на цела Македонија. Исто така, со проектот ќе им биде овозможено на сите независни и млади уметници да имаат шанса да го покажат својот талент и промовираат личните креации. Со базата на податоци ќе управува администраторот, како поединец, кој би имал за задача да го управува системот со што ги има привилегиите за сите CRUD операции поврзани со објавување, филтрирање и резервација на настани, како и креирање на профили на сите македонски артисти, нивните достигнувања и тековни ангажмани. Апликацијата како сервис ќе биде поседувана од самиот администратор.
- Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Со апликацијата се таргетираат проблемите поврзани со информирање за сите актуелните претстави и изложби во галериите и музеите, како и проблемот со губење на време и потребата од физичко резервирање на билети. Идејата е користење на централизиран пристап на апликацијата која ќе нуди информации за сите настани на едно место. Со ваквиот пристап се добива временска флексибилност и независност од локацијата, затоа што купувачот би можел да резервира билети кога и каде сака.
- Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Апликацијата ќе ги има следните типови на корисници: администратор, купувач, независен уметник и организатор. Секој корисник при своето регистрирање одбира модул на корисник по што му се прикажува посебна форма според направениот избор.
Администраторот ќе управува со базата на податоци, при што ќе може да додава, уредува и брише се во врска со настаните. Тој би креирал и посебни профили за сите актери или уметници кои се дел од настаните, каде ќе бидат содржани информации за нивните лични достигнувања и претходни и тековни ангажмани.
Доколку корисникот одбере да е купувач, тој има можност да разгледува настани и резервира билети за истите. Купувачите можат секој посетен настан да го оценуваат, а со што почесто купување билети и користење на системот може да се здобиат со лојална картичка која нуди попусти на билети.
Корисникот кој сака да промовира своја креација би одбрал дека е независен уметник, со што страницата би го поврзала со даден организатор кој би му помогнал да го реализира своето дело.
Корисникот кој има организиран настан би одбрал опција организатор со цел да може да го пријави својот настан, кој понатаму би бил одобрен од страна на администраторот и би бил промовиран на веб страницата со што купувачите можат да резервираат билет за него.
- Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?
Вообичаено вакви слични проекти се изработуваат каде се таргетирани воглавно филмовите, односно кино проекциите, додека пак, Paint of Heart е фокусиран на промовирање на изведбите на културните настани во сите градови во Македонија. Бидејќи целта е поедноставен начин на резервирање и купување на карти, корисникот добива електронска карта која содржи QR код со кој брзо и без чекање на ред може да пристапи на настанот.
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Проектот ќе биде изработен како веб апликација.