Version 14 (modified by 21 months ago) ( diff ) | ,
---|
Насоки за користење на апликацијата и финална имплементација на обработени функционалности
- Кога ќе пристапите до http://localhost:9080/home во пребарувачот, на вашиот уред ќе се прикаже почетната страница на апликацијата. Тука е прикажана само илустрација, концизна информација која е намената на апликацијата, навигациското мени, во кое се наоѓаат HOME, Events и About копчето. Како и копчињата за регистрација и најава на корисникот.
- Преку копчињата во навигациско мени корисникот може да навигира помеѓу страниците на веб апликацијата. Така што доколку го одбере копчето About, апликацијата ќе го пренасочи кон About страницата во која се посакува добредојде на корисниците, прикажани се детални информации која е визијата на апликацијата, како апликацијата ја остварува истата, кратко упатство за тоа кои функционалности му се овозможени на корисникот. Исто така и информации за тимот кој ја изградил апликацијата, на крајот од самата About страница.
- Следна страница од навигациското мени, кон која корисникот, без разлика на кој модул на корисник припаѓа, може да навигира е Events страницата. Со избирање на ова страница, на корисникот му се прикажува нова страница, со излистани актуелни културни настани од областа (театар, музеј, галерија) со потребни информации: име на настан, град, датум на одржување на самиот настан, артист кој учсетвува во настанот и на крај цената на билетот, кој е потребен за влез на настанот. Тука засега не е достапна опцијата на резервирање на настанот, како и купување на билетот. За таа цел потребно е корисникот да е регистриран на системот, а подоцна и најавен.
- Со таа намера потребно е сега преку копчето Register, сместено во горниот десен агол од страницата, во самото навигациско мени, да се пренасочиме кон формата на регистрација за нов корисник на системот. Формата ги побарува информациите како што се името, презимето на корисникот, корисничкото име и лозинка, со кои подоцна ќе се најавува на системот, телефонски број за контакт. Избирање на модул на корисник, според кој подоцна соодветно, доколку корисникот избрал дека сака да креирара нов профил од модулот купувач, ќе биде потребно да внесе трансакциска сметка, која ќе биде потребна подоцна за наплата на резервираните билети. А доколку корисникот избрал да креира профил од модулот уметник, ќе биде потребно да внесе типот на корисникот на кој припаѓа, во input поле.
Attachments (12)
- about.jpg (201.1 KB ) - added by 21 months ago.
- cart.jpg (99.9 KB ) - added by 21 months ago.
- events3.jpg (216.2 KB ) - added by 21 months ago.
- login.jpg (221.5 KB ) - added by 21 months ago.
- reservation.jpg (77.7 KB ) - added by 21 months ago.
- login.2.jpg (221.5 KB ) - added by 21 months ago.
- register1.jpg (240.5 KB ) - added by 21 months ago.
- register2.jpg (243.0 KB ) - added by 21 months ago.
- review.jpg (82.7 KB ) - added by 21 months ago.
- homepage.jpg (243.5 KB ) - added by 21 months ago.
- events1.jpg (243.4 KB ) - added by 21 months ago.
- events2.jpg (236.7 KB ) - added by 21 months ago.
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.